Институт Данте Алигиери, Скопје

Додаток 1


Статија за Институтот ДА во списанието Italica Belgradiensia Во посебниот број на списанието Italica Belgradiensia посветен на професорката Јулијана Вучо, објавена е статија за активностите на Институтот Данте Алигиери во Скопје. Ivanovska-Naskova, Ruska. “Nuovi Contesti per l’italiano in Macedonia del Nord. Le attività di promozione della lingua e della cultura italiana dell’Istituto Dante Alighieri di Skopje.” Italica Belgradensia, Numero speciale: Studi in onore di Julijana Vučo, 2023, pp. 71–80. https://drive.google.com/file/d/1bRmgDKjALxm-5NCuCmZHeLrHb3T6EbRH/view?usp=sharing

Проф. Борис Петковски се родил на 19.11.1931 г.во Бајмок, Србија. Дипломирал во 1956 г. на Филозофскиот факултет, на Одделот за историја на уметноста при Универ­зитетот во Скопје. Докторатот го одбранил во 1975 г. на Филозофскиот факултет во Белград, на Катедрата за историја на уметноста. • Од 1964 до 1976 бил основач и прв директор на Музејот на современа уметност во Скопје. Под негово раководство, Музејот на современа уметност се здоби […]

ТВОРЕЧКИТЕ СИНТЕЗИ НА БОРИС ПЕТКОВСКИ ЗА ЛИКОВНОТО ТВОРЕШТВО Со Борис Петковски ме сврзуваат пријатни спо­мени на другарување и соработка. Тој беше секогаш активен, исполнителен и оригинален и соработката со него постепено се претвораше во сè поголемо, искрено пријателство и другарување. Него го познавав долги години, уште од театарот. Подоцна тој често навратуваше во редакцијата на списанијата Културен живот и Macedonian Review кадешто работев. Секогаш носеше со себе по некоја статија, […]

АУРАТА НА БОРИС “Се разбира секој човек мириса поинаку…” А сепак основата на ширењето на инди­видуалниот “мирис” на човекот како рет­ка аура што подразбира едно суптилно ткаење и рашчленување , Борис знаеше повеќе од задоволи­телно, од задоволство да го создаде… да креира лик што ќе го следиме како слика, како одраз, како поттик во работилницата на некое разбранувано море што постојано напластува бранови – сè пого­леми, сè потрајни, сè попиктурални, […]

Деновите што следат сè повеќе ќе нè убедува­ат дека Борис Петковски беше еден од оние творци и дејци што му дадоа свој белег на македонскиот ХХ век, творец-репер, деец- патоказ. Трагата што ја остави зад себе е длабока и оддалеку видлива. Допрва претстои да се истражи и конста­тира зрачењето што се шири од неговото дело и сите правци на дејствување што ги предизвикува­ше неговата активност. Се сеќавам кога се јавија, […]

БОРИС ПЕТКОВСКИ (1931 – 2005) беше неуморен патник низ уметноста и културата од втората половина на 20 и почетокот на 21 век, сè до последниот милиметар од неговата животна ниш­ка. А Нејзе Клото ткајачката ја создаде на 19 јануари 1931 година во местото Бајмок во Војводина. Судбината ја мереше цели 73 години и 10 дена, сè додека неумоливата Атропа не ја за­пре на 29. јануари 2005 година. Што гледаа неговите […]

ВО СЕЌАВАЊЕ НА БОРИС ПЕТКОВСКИ Како потпретседател на Италијанскиот културен центар на Македонија и како универзитетски колега ми прави чест да зборувам за проф. Бо­рис Петковски во поглед на неговата активност во својство на Претседател на Италијанскиот културен центар како и за неговата сестрана културна актив­ност, со оглед на фактот што заедно сме биле про­мотори на културните активности помеѓу Италија и Македонија. Петковски во својство на Претседател на Републичката комисија […]

Го запознав професорот Борис Петковски при крајот на пролетта 2003 година и тоа за мене беше еден многу значаен момент. Имав за­кажано прием во Музејот за современа уметност во Скопје, Република Македонија, и мојот прв впечаток беше дека тој е една емблематична и возвишена личност, уште од првиот контакт станав свесна дека се наоѓам пред подготвен, искусен и непоколеблив човек. Конечно, по долго очекување се среќавав со историчарот на уметност […]

КРАТКО СЛОВО ЗА БОРИСА Борис Петковски беше истакната разнострана и полифонична личност на нашата национална култура. Од првиот момент на своите разнострани ан­гажмани во афирмацијата на македонската ликов­на и уметничка култура тој настапуваше силовито, динамично, како неуморен толкувач на нашите творечки вредности и аниматор на нашиот култу­рен уметнички амбиент. Од тој богат разностран животен и уметнички ангажман јас во оваа при­лика ќе изделам три својства на неговата личност. Најнапред, тоа […]

ЗА БОРИС ПЕТКОВСКИ… …Ја паметам сè уште јасно, како да беше вчера, мојата прва консултација, пред првиот испит на постдипломските су­дии, на која проф. Петковски зборуваше (призна­вам, за мене тогаш по многушто неразбирливо) дека „…имаме обврска: будно да ги опсервираме сите процеси кои реално или само навидум го профилираат нашиот идентитет, да ги креираме содржините и да ги дешифрираме контекстите на идеите кои го обезбедиле нашето суштествено дејствување и опстојување […]