Новости

Аташето за одбрана во Италијанската амбасада во Скопје, Полковник Стефано Анџони ги додели дипломите на групата вработени во Министерството за одбрана: Илир Бајрами, Емилија Ѓуриќ, Драган Кузмановски, Ирина Блажевска, Александра Трајковска и Елвин Ејуб, коишто го следеа курсот по италијански јазик финансиран одMинистерството за одбрана на Италија. Со овој курс продолжува успешната соработка на Институтот Данте Алигиери со Италијанската амбасада и Министерството за одбрана на Р.Северна Македонија.

Во градинката 13 Ноември во Скопје успешно заврши почетниот курс по италијански јазик кој за првпат во нашата држава се организира за деца од предучилишна возраст, во рамките на проектот „Нови контексти за италијанскиот јазик во Р.С. Македонија“. Курсот се реализира од страна на Институтот Данте Алигиери – Скопје, а проектот е поддржан и финансиран од Здружението Данте Алигиери од Рим. […]

Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и оваа година доби можност да биде дел во гласањето за најпрестижната книжевна награда во Италија „Стрега“. Групата составена од 13 читатели, љубители на италијанската книжевност, Анастасија Ѓурчинова, Андријана Русеска, Анета Симовска, Валентина Милошевиќ, Весна Коцева, Владимир Андоновски, Ива Анастасова, Јована Караникиќ Јосимовска, Марија Муратовска, Руска Ивановска Наскова, Сара Златановска, Сандра Ангеловска и Теодора Јосифовска, предводена од проф. Јована Караникиќ Јосимовска, со огромен ентузијазам ги […]

На 25.01.2023 се одржа средба со членовите на Институтот Данте Алигиери од Скопје во Мултимедијалниот центар на катедрата за италијанистика при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ со цел да се прикажат и промовираат новодобиените книги на италијански јазик. Книгите се донација од Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим за Институтот Данте Алигиери Скопје, еден од литературните претседавачи на Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим. Ни претставува огромно задоволство што фондот на нашите книги, […]

УПИСИ ЕСЕН 2023 Есенски семестар, онлајн курсеви по италијански јазик! УПИСИ од 25.08.23 до 15.09.23 Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Италијанската Амбасада ги отвори уписите за есенскиот семестар во 2023: IL MONDO IN ITALIANO (Светот на италијански јазик) Impara la dolce lingua: Научи го италијанскиот јазик на нашите курсеви: – стандардни курсеви за степените од А1 до Ц2, 4 месеци 2 пати неделно по 90 мин.: 7.500 […]

На покана г-ѓа Ружица Биџовска директорка на градинката 13 Ноември од Скопје по повод одбележувањето на патрониот празник, претседателот на Институтот Данте Алигиери проф. Ладислав Цветковски ја посети градинката. Во рамките на прославата тој оствари средба со градоначалникот на Општина Центар г-дин Герасимовски, директорката г-ѓа Ружица Биџовска и со дел од вработените на градинката. На средбата со градоначалникот г-дин Горан Герасимовски беше потврдена досегашна успешната соработка меѓу Општина Центар и […]

И оваа година Институтот Данте Алигиери, во соработка со Амбасадата на Р. Италија и ITA- Italian Trade Agency Скопје, учествуваше во настанот посветен на Неделата на италијанската кујна во светот. Учениците од девет основни училишта, каде се изучува италијанкиот јазик во рамките на проектот ,,Изучување италијански јазик во Македонија”, овозможен од Министерството за Надворешни работи на Република Италија и реализиран од нашиот Институт, беа мотивирани да цртаат на тема „Вкусовите […]