Статија за Институтот ДА во списанието Italica Belgradiensia Во посебниот број на списанието Italica Belgradiensia посветен на професорката Јулијана Вучо, објавена е статија за активностите на Институтот Данте Алигиери во Скопје. Ivanovska-Naskova, Ruska. “Nuovi Contesti per l’italiano in Macedonia del Nord. Le attività di promozione della lingua e della cultura italiana dell’Istituto Dante Alighieri di Skopje.” Italica Belgradensia, Numero speciale: Studi in onore di Julijana Vučo, 2023, pp. 71–80. https://drive.google.com/file/d/1bRmgDKjALxm-5NCuCmZHeLrHb3T6EbRH/view?usp=sharing
Архива
Утре, среда, 25 октомври, во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата „Транскултурни разногласија: Избрани критики и есеи“ од Анастасија Ѓурчинова. За книгата ќе говори Лидија Капушевска-Дракулевска, а модератор ќе биде Александра Јуруковска. „Транскултурни разногласија“ (издание на МИ-АН) е критичко-есеистичко дело со текстови чија проблематиката е поврзана со книжевната рецепција и интерпретација, традуктологијата, идентитетот, егзилот, границите и слично, а Ѓурчинова ги пишувала последниве десетина […]
Космикомики на Итало Калвино и неговата научна фантастика Патувањето низ делата на Итало Калвино доведува до откривање на фантастични и бајковити кралства. Помеѓу 1950те и 1960те творештвото на Калвино, карактеристично со неговите ликови и приказни кои зборуваат за „создавањето на човечките суштества“, достигнало нов степен во средината на 60те години со еден нов циклус раскази кои не’ водат уште подалеку, на едно вистинско астрономско и космогониско патување. Тогаш се раѓаат […]
Поезија од Ацо Шопов објавена во Италија Реномираното римско списание „Нуови аргоменти“ неодамна објави 9 песни – избор од поезијата на Ацо Шопов, еден од основоположниците на современата македонска поезија, во препев на италијански јазик од Анастасија Ѓурчинова и Миа Леконт. Списанието „Нуови аргоменти“ е основано во 1953 година од писателите Алберто Моравија и Алберто Карочи, со намера да се профилира како левичарско книжевно гласило, аналогно на „Модерните времиња“ на […]
Италијанскиот поет Џерардо Мазучо е добитник на наградата „Мостови на Струга“ 2022, објави Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Наградата се доделува во соработка со УНЕСКО за најдобра дебитантска книга на млад поет до 35 годишна возраст. Џерардо Мазучо е роден 1991 година во Батипаља, близу Неапол. Завршил класична гимназија во Еболи, а дипломирал издаваштво и авторски права на Универзитетот Бокони во Милано. Работел како уредник кај реномираниот издавач „Бомпијани“, […]