Проф. Борис Петковски се родил на 19.11.1931 г.во Бајмок, Србија. Дипломирал во 1956 г. на Филозофскиот факултет, на Одделот за историја на уметноста при Универзитетот во Скопје. Докторатот го одбранил во 1975 г. на Филозофскиот факултет во Белград, на Катедрата за историја на уметноста.
• Од 1964 до 1976 бил основач и прв директор на Музејот на современа уметност во Скопје. Под негово раководство, Музејот на современа уметност се здоби со богата колекција експонати од огромна важност, беше изградена новата музејска зграда, а реализирани беа и над 250 изложби.
• Од 1976 до 1996 Петковски се посветил на кариерата како универзитетски професор, а продолжил да се занимава со академски активности и по пензионирањето во 1996 година. Често гостувал како визитинг-професор на бројни европски универзитети.
Бил член на следниве редакции и списанија:
• Разгледи, Македонија, Ликовна уметност, Ѓурѓа, Arte in (Италија)
Членство во комисии:
• Генерална Комисија на македонското движење за Европа;
• Европско здружение за култура (Венеција);
Претседател во разни институции и асоцијации:
• Комисија за културни врски со странство на Република Македонија;
• Федерален југословенски фонд за фигуративна уметност Моша Пијаде;
• Комитет за културно богатство на југословенската комисија при УНЕСКО;
• Меѓународна асоцијација на критичари на уметноста (AICA), југословенски и македонски оддел;
• Македонска асоцијација на историчари на уметноста;
• Центар за современа уметност – Прилеп;
• Италијански културен центар во Република Македонија;
• Центар за културно богатство и македонска уметност;
• Македонска асоцијација на критичари на уметноста (почесно).
Награди и признанија:
• Награда 13ти Ноември од Општина Скопје (1977); награда 11ти Октомври (1983); медал за работни заслуги со златна круна од СФРЈ (1989); медал од Министерот за култура на Р.Франција (1984); златна плакета од Филозофскиот факултет во Скопје (1996);
Книги, монографии и други значајни изданија:
• Откритија, 1977; Делата на Нико Тоци, 1977; Современо македонско сликарство, 1984; Никола Мартиноски, 1982; Македонски цртеж, 1984/1985; За македонската уметност, 1989; Монографија на академик Димче Кочо, 1995; Монографија на Василие Поповиќ – Цицо, 1996; Музеј на современа уметност – Скопје, 1964 – 1976, 2001; Есеи за современата македонска уметност, 2001.