КРАТКО СЛОВО ЗА БОРИСА Борис Петковски беше истакната разнострана и полифонична личност на нашата национална култура. Од првиот момент на своите разнострани ангажмани во афирмацијата на македонската ликовна и уметничка култура тој настапуваше силовито, динамично, како неуморен толкувач на нашите творечки вредности и аниматор на нашиот културен уметнички амбиент. Од тој богат разностран животен и уметнички ангажман јас во оваа прилика ќе изделам три својства на неговата личност. Најнапред, тоа […]
ЗА БОРИС ПЕТКОВСКИ… …Ја паметам сè уште јасно, како да беше вчера, мојата прва консултација, пред првиот испит на постдипломските судии, на која проф. Петковски зборуваше (признавам, за мене тогаш по многушто неразбирливо) дека „…имаме обврска: будно да ги опсервираме сите процеси кои реално или само навидум го профилираат нашиот идентитет, да ги креираме содржините и да ги дешифрираме контекстите на идеите кои го обезбедиле нашето суштествено дејствување и опстојување […]
…кога четворица пријатели… …продолжуваат… Кога бев во служба во Министерството за надворешни работи, среќавањето на различни личности беше речиси секојдневие: и приемот на личности од областа на културата (секогаш помалубројни во однос на политичарите) покрај тоа што ми причинуваше чест, ми причинуваше и задоволство да бидам сметан за достоен соговорник или барем не толку неспособен. Во Скопје, речиси веднаш, го запознав г-динот Вишински кој заедно со проф. Итало Бертони, веднаш […]
Имаме чест да му ја оддадеме уште еднаш должната почит на професор д-р Борис Петковски, како на извонреден историчар на уметноста, пожртвуван професор, активен културен деец и почитуван и докажан член на нашиот колектив, но и на нашата општествена заедница. Иако денес веќе не дели извесна временска дистанца од неговото испраќање во вечноста, допрва претстои истражување на бројните достигнувања на професор д-р Борис Петковски, а уште повеќе утврдување на ефектите […]
Вредноста на едно дело можеби можеме да ја мериме според она што тоа го предизвикува врз околината. Да бидам попрецизен. Животот ви овозможува да се среќавате со дела, на некои реагирате рефлексно, некои воопшто не ве допираат, но има и онакви кои не ве оставаат рамнодушни. Овие последните се многу ретки, но исклучително моќни. Се вгнездуваат во вашата потсвест, и ве поттикнуваат да размислувате за нив. Ги предизвикуваат прашања како […]
На драгиот пријател Борис Петковски, По последниот телефонски разговор кога нашите гласови се споија преку техничката креативност, сега ти го пишувам ова писмо, мојата мисла преку патот на спомените ќе те пренесе во не – димензиите, каде љубовта ја содржи во себе вечноста. Сонот што го следеше целиот твој живот, да го најдеш изворот на уметноста, се оствари. Сега си онаму каде што се со тебе големите учители на сите […]
Личноста на Борис Петковски, која во себе ги соединуваше и познавачот на современата уметност, како од потесниот така и од поширокиот културен простор, а и пријателот и советникот, остана особено во мене како Словенец во живо сеќавање. Можеби поради фактот што живеевме, имајќи го формално на ум распонот на тогашната држава Југославија, во крајно оддалечени места, а сепак се среќававме доволно често, се допишувавме… Се присетувам на неговиот ракопис: тесни, […]
Мојата прва средба со Борис Петковски беше некаде во далечната 1952 година. Јас, како гледач на оперска претстава во Македонскиот народен театар, а Борис како член на балетскиот ансамбл во улога на шпански тореро. Во групата која што ја изведуваше балетската нумера тој паѓаше во очи со својата височина, витото тело и елегантните движења на рацете и нозете, со својот вроден осет за музика, како и со јасно изразените, благородни, […]
Постојат личности кои со својата енергија и виталност засекогаш остануваат во сеќавањата на идните генерации, поточно личности кои со својата работа засекогаш се вградуваат во историјата и растежот на една институција и пошироко во развојот на една дејност. Таква личност беше мојот драг професор, неуморен музејски професионалец Борис Петковски, првиот директор на Музејот на современата уметност-Скопје (1964-1976). Кога зборувам за Борис Петковски веднаш го идентификувам со највпечатливиот и најсложениот проект […]
Денес и во деновите што доаѓаат, ќе се зборува и ќе се пишува многу за значењето на делото што проф. д-р Борис Петковски го остави зад себе, за неговото место во историјата на македонската култура и уметност, за значењето на неговиот творечки опус, за неговиот научен придонес во теоријата и проучувањето на историјата на македонската ликовна уметност, за подвигот во создавањето и втемелувањето на Музејот на современата уметност којшто успешно […]