Tврдоглавo и во спротивна насока По повод десет години од смртта на кантавторот, Институтот „Данте Алигиери“ организираше вечер посветена на Фабрицио де Андре Самиот Де Андре се себедефинираше како кант-автор. За секој случај. „Бенедето Кроче велеше дека до осумнаесет годишна возраст сите пишуваат песни и дека, од таа возраст па натаму, има само две категории на луѓе кои пишуваат и понатаму: поети и идиоти. Па така јас, за секој случај, […]
Настанот „Бела ноќ“ е веќе добро раширена и функционална манифестација на глобално ниво, чија традиција успешно се продолжува и надополнува секоја година. Идејата на „Бела ноќ“ се поврзува со концептот на мултидисциплинарност, каде главниот мотив е да се претстават сите стандардни и нестандардни облици на уметноста. Еден широк спектар на варијации во кој дури и споредните, занемарени аспекти на интерпретацијата стануваат забележани. Во една ваква атмосфера на уметничко различје свое […]
Драги читатели, Весникот Данте и годинава се појавува со нов број, следејќи ја својата основна цел: да ги претстави италијанско-македонските културни љубопитства, како и настаните кои се поврзани со дејноста на Институтот Данте Алигиери во Скопје (кој од јули 2011 година е преместен на нова адреса: Италијанско-македонски мултимедијален центар, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје). Во овој број се проследуваат низа културни настани одржани во периодот 2009-2010 година, но се […]
Проф. Борис Петковски се родил на 19.11.1931 г.во Бајмок, Србија. Дипломирал во 1956 г. на Филозофскиот факултет, на Одделот за историја на уметноста при Универзитетот во Скопје. Докторатот го одбранил во 1975 г. на Филозофскиот факултет во Белград, на Катедрата за историја на уметноста. • Од 1964 до 1976 бил основач и прв директор на Музејот на современа уметност во Скопје. Под негово раководство, Музејот на современа уметност се здоби […]
ТВОРЕЧКИТЕ СИНТЕЗИ НА БОРИС ПЕТКОВСКИ ЗА ЛИКОВНОТО ТВОРЕШТВО Со Борис Петковски ме сврзуваат пријатни спомени на другарување и соработка. Тој беше секогаш активен, исполнителен и оригинален и соработката со него постепено се претвораше во сè поголемо, искрено пријателство и другарување. Него го познавав долги години, уште од театарот. Подоцна тој често навратуваше во редакцијата на списанијата Културен живот и Macedonian Review кадешто работев. Секогаш носеше со себе по некоја статија, […]
АУРАТА НА БОРИС “Се разбира секој човек мириса поинаку…” А сепак основата на ширењето на индивидуалниот “мирис” на човекот како ретка аура што подразбира едно суптилно ткаење и рашчленување , Борис знаеше повеќе од задоволително, од задоволство да го создаде… да креира лик што ќе го следиме како слика, како одраз, како поттик во работилницата на некое разбранувано море што постојано напластува бранови – сè поголеми, сè потрајни, сè попиктурални, […]
Деновите што следат сè повеќе ќе нè убедуваат дека Борис Петковски беше еден од оние творци и дејци што му дадоа свој белег на македонскиот ХХ век, творец-репер, деец- патоказ. Трагата што ја остави зад себе е длабока и оддалеку видлива. Допрва претстои да се истражи и констатира зрачењето што се шири од неговото дело и сите правци на дејствување што ги предизвикуваше неговата активност. Се сеќавам кога се јавија, […]
БОРИС ПЕТКОВСКИ (1931 – 2005) беше неуморен патник низ уметноста и културата од втората половина на 20 и почетокот на 21 век, сè до последниот милиметар од неговата животна нишка. А Нејзе Клото ткајачката ја создаде на 19 јануари 1931 година во местото Бајмок во Војводина. Судбината ја мереше цели 73 години и 10 дена, сè додека неумоливата Атропа не ја запре на 29. јануари 2005 година. Што гледаа неговите […]
ВО СЕЌАВАЊЕ НА БОРИС ПЕТКОВСКИ Како потпретседател на Италијанскиот културен центар на Македонија и како универзитетски колега ми прави чест да зборувам за проф. Борис Петковски во поглед на неговата активност во својство на Претседател на Италијанскиот културен центар како и за неговата сестрана културна активност, со оглед на фактот што заедно сме биле промотори на културните активности помеѓу Италија и Македонија. Петковски во својство на Претседател на Републичката комисија […]
Го запознав професорот Борис Петковски при крајот на пролетта 2003 година и тоа за мене беше еден многу значаен момент. Имав закажано прием во Музејот за современа уметност во Скопје, Република Македонија, и мојот прв впечаток беше дека тој е една емблематична и возвишена личност, уште од првиот контакт станав свесна дека се наоѓам пред подготвен, искусен и непоколеблив човек. Конечно, по долго очекување се среќавав со историчарот на уметност […]