Институт Данте Алигиери, Скопје


Соња Стојменска-Елзесер Еден вообичаен збор од речникот на рускиот јазик, преку дејноста на руските авангардисти, и посебно, на руските футуристи, станува значаен книжевно-теоретски поим, зад кој се крие длабока, се уште провокативна и недоволно спознаена размисла за уметноста на пишаниот збор, па и за уметноста во целина. ЗАУМ означува нешто што е „надвор од умот“, од рационалното, нешто што е бесмислено. Во речникот на рускиот јазик се укажува дека овој […]

Владимир Мартиновски Објавуваме дека славата на светот веќе е збогатена со една нова убавина.Убавината на брзината.Ф. Т. Маринети Пред да го разгледуваме еден од стожерните естетски предизвици на футуризмот во ликовните уметности, веројатно најдобро е најпрвин да се повозиме барем неколку минути со што е можно побрзо возило (по можност, со тркачки болид или со авион, ама во пилотската кабина). Колку побргу се движи нашето возило, колку повеќе ни трепери […]

(…) Со нашето синтетичко движење во театарот, ние сакаме да ја уништиме Техниката, која од античка Грција до денес, наместо да се поедностави станува сe подогматска, глупаво логична, перфекционистичка, педантна, задушувачка. Значи: Глупаво е да се напишат сто страници за нешто за кое е доволна и една страница, само затоа што публиката поради навика и поради инфантилна инстинктивност сака да види како карактерот на ликот се создава од низа настани […]

1912 Во авион, седнат над резервоарот за бензин, откако утробата ми зовре од хаотичниот авиjатичарски ум, јас почувствував глупава бесполезност од старата синтакса наследена од Хомер. Бесна потреба да се ослободат зборовите, извлекувајќи ги надвор од затворот на латинската фраза! Се разбира, таа, како и секој имбецил, има една глава што мисли надалеку, една утроба, две нозе и две рамни стапала но никогаш нема да има две крилја, туку само […]

Ф.Т.Маринети, 1915 Оваа омраза, токму така, насочена кон тиранијата на љубовта, ние ќе ја искажеме со една лаконска реченица: “презир кон жената”. Ние ја презираме жената замислена како единствен идеал, божествен сад на љубовта, жената-отров, жената-трагична играчка, кревката, опсесивната и фаталната жена, чиј глас, обременет од судбината, и чиј мечтателен прамен коса се издолжуваат и продолжуваат во лисјето на шумите опсипани со месечевата светлина. Ние ја презираме ужасната и тешка […]

Филипо Томазо Маринети, Франческо Канџуло, Милано, 11 октомври 1921 Го издигнавме и обновивме Театарот на Вариетe. Во Синтетичкиот театар ја уништивме преокупираноста со техника, веродостојност, непрекината логика и постепена подготовка. Во Синтетичкиот театар создадовме нова мешавина на сериозно и комично, на реални и нереални ликови, на преплетување и истовременост на време и простор, драмата на предмети и дисонанците, симулирани прикази, витрини на идеи и на гестови. Ако денес постои некој […]

Одговор на Ф. Т. Маринети Валентин де Сен-Пуен, 1912 Човештвото е медиокритет. Мнозинството жени не е ниту супериорно ниту инфериорно во однос на мнозинството мажи. Исти се. Подеднакво заслужуваат презир. Во целост, човештвото било само плодно поле каде што избликнуваат гениите и хероите од двата пола. Но, во човештвото, како и во природата, има посоодветни моменти за овој процут. Во човековите лета, кога земјата е изгорена од сонцето, изобилуваат гениите […]

Од Ф. Т. Маринети Против тестенините Футуризмот е дефиниран од филозофите како „мистицизам на дејствувањето“, од Бенедето Кроче како „антиисторицизам“, од Граса Арања како „ослободување од теророт на естетиката“, од нас како „италијанска иноаторска гордост“, формула за „оригинална уметност“, „религија на брзината“, „краен напор на човештвото насочен кон синтезата“, „духовна хигиена“, „метод на неизбежно создавање“, „брз геометриски сјај“, „естетика на автомобилот“. Значи, противпрактично, ние футуристите го занемаруваме примерот и демнењето […]

Бевме будни цела ноќ – јас и моите пријатели под ламбите од џамијата со куполи од перфориран месинг, ѕвездени како нашите души, бидејќи и тие, како и ламбите, се осветлени од затворената секавица на електричното срце. Врз теписите набиени со ориентални мотиви, долго ја газевме нашата атавистичка душевна млакост, разговарајќи на самите крајни граници на логиката, исцрнувајќи многу листови со френетичен ракопис. Неизмерна гордост растеше во нашите гради, бидејќи чувствувавме […]

Колку манифести во сто години футуризам? “Футуризмот не можеше да се роди никаде на друго место, освен во Италија”, изјави во една пригода еден од најталентираните учесници во движењето, поетот Алдо Палацески. Се разбира, Палацески своето тврдење го засновува на фактот дека Италија како земја отсекогаш била премногу свртена кон минатото, имајќи ја зад себе славната римска традиција и огромната концентрација на историски и уметнички артефакти од разни епохи на […]