Институт Данте Алигиери, Скопје


    „Во мојот филм- феминистички дневници“ Дејството започнува во годината 1967, кога во нејзиниот дневник Анита ги раскажува тешкотиите на кои наидува една девојка од Милано која тежнее да се еманципи­ра од татковото владеење, додека Алина, Алина Мараци е тригодишно девојченце, кое копнее по својата убава, меланхолич­на и далечна мајка. Дејството продолжува во 1975 година, кога Тереза, млада девојка од Пуља, на својот дневник му ги доверува ужасите при […]

Како се станува писател толку млад? Чудно е што одлучувачкиот момент за да станете писател е токму објавувањето книга. Можеби е парадоксално, но јас ми­натата година додека ја пишував „Осаменоста на примарните броеви“ повеќе се чувствував како писател отколку сега от­како ја објавив истата. Сепак, факт е дека треба да се почека туѓото признание, оти колку повеќе ти се продаваат книгите, толку поцврст ти е статусот на „писател“. Јас лично […]

Приредила Борјана Мојсовска Млад дебитант победи на 62-то издание на наградата Стре­га 2008, уривајќи ја притоа традицијата според која награ­дата ја добиваат само големите и афирмирани имиња на италијанската проза. Паоло Џордано е протагонистот на ве­черта, која како и секоја година се одржа во Храмот на ним­фите во Вила Џулија, во Рим. На писателот му беше доделено книжевното признание за книгата „Осаменоста на примарни­те броеви” која освои 163 бодови, по […]

Уште една вечер организирана од Институтот „Дан­те Алигиери”, беше вечерта посветена на Џорџо де Кирико. На 11 декември 2008 г., во 18 часот, салата на Филолошкиот факултет беше преполна со луѓе во исчекување на почетокот на предавањето на професорот Влада Урошевиќ. Темата, како што веќе рековме, беше генијалниот Џорџо де Кирико, основач на метафизичкото сликарство и неоспорен протагонист на меѓународната ликовна сцена на 20 век. Мајка му потекнува од Џенова, […]

Nel 2008 si sono celebrati cinquecento anni dalla na­scita di uno dei più grandi architetti italiani, che han­no caratterizzato la storia della cultura occidentale: Andrea Palladio. In questa occasione l’Istituto Dante Alighieri ha organizzato una serata nell’ambito della VIII Settimana della lingua italiana, duran­te la quale la professoressa Tatjana Filipovska dalla Facoltà di Filo­sofia di Skopje ha tenuto una conferenza su Palladio. Lei ha mes­so in evidenza alcuni elementi biografici, […]

Проект за италијански јазик на Институтот „Данте Алигиери“ Долгогодишната јазична политика на ЕУ во правец на подобрување на културната размена меѓу земјите-членки доведе до систематизирање на сите дидак­тички искуства, создавање на квалитетни мето­ди на јазичната настава и поставување на висо­ки и унифицирани стандарди на вреднување на знаењата за сите европски јазици. Институтот „Данте Алигиери“ успеа да ги су­блимира европските искуства и преку проек­тот ПЛИДА да им обезбеди целосна дидак­тичка поддршка […]

Институтот „Данте Алигиери“ – Скопје од октомври 2008 година започна со оганизирање на курсеви по италијански јазик. Курсевите се одвиваат во би­блиотеката „Браќа Миладиновци”, каде што Инсти­тутот има свои простории. Просторот нуди прекрасен амби­ент благодарение на библиотеката богата со италијанска ли­тература, речници, енциклопедии, дидактички материјали, аудио и визуелни материјали. Секој курсист, со запишувањето на курсот, станува член на би­блиотеката, со што освен со италијанскиот јазик, има дирек­тен контакт и со […]

Во месец јуни 2008 година беа одбележани сто години од раѓањето на големиот италијански писател Чезаре Павезе. Роден е 1908 година во регионот Ланге, во Пиемонте, во ситно буржоаско семејство, кое подоцна се преселува во Торино. Но пејзажот на Ланге останува вгнезден во неговото срце и провлекувајќи се низ неговиот живот, остава трага и во неговите дела. Постои тишина која опстојува врз растенијата и ридовите Постојат води и полиња Тоа […]

По подолга пауза од неколку години, весникот Данте го обновува своето излегување, во ново руво и со нова редакција. Особено пристапувањето кон нашата редакција на новиот член, одговорен за графичкото уредување и за дизајнот (Л.Цветковски), е пресудно за настанатите промени и за новиот изглед на весникот. А вклучувањето на младите членови на редакцијата од редот на студентите, апсолвентите и демонстраторите на Групата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет […]