Институт Данте Алигиери, Скопје

Институтот „Данте Алигиери“ – Скопје од октомври 2008 година започна со оганизирање на курсеви по италијански јазик. Курсевите се одвиваат во би­блиотеката „Браќа Миладиновци”, каде што Инсти­тутот има свои простории. Просторот нуди прекрасен амби­ент благодарение на библиотеката богата со италијанска ли­тература, речници, енциклопедии, дидактички материјали, аудио и визуелни материјали.

2-1

Секој курсист, со запишувањето на курсот, станува член на би­блиотеката, со што освен со италијанскиот јазик, има дирек­тен контакт и со италијанската култура и традиција.

Институтот „Данте Алигиери” нуди курсеви за сите степени и возрасти, како и можност за тестирање и утврдување на ни­вото на заинтересираните слушатели кои имаат претходно познавање на јазикот.

Наставата се одвива во попладневните и вечерните часови. Групите се мали, најчесто составени од најмногу шест слуша­тели. Наставата се одвива интерактивно, а освен програм­ските книги се користат и многу дополнителни материјали, како книжевни текстови, статии од весници, аудио и видео материјали. Целта на професорите е да се излезе од шемите на традиционалната настава каде што професорот е тој што

дава готови знаења. Методите на предавање во Институтот се так­ви што самите ученици, низ разни дидактички игри и дијалози, доаѓаат до граматичките правила и на тој начин многу полесно и побрзо го совладуваат јазикот.

Наставата се одвива два пати неделно, а часовите се со времетраење од час и половина. Секој степен опфаќа 60 часа, а по завршувањето на истите предвидено е полагање на завршен ис­пит (писмен и устен), по што курсистот добива сертификат за завр­шениот степен. Курсистите со најдобри резултати имаат можност и за добивање на едномесечна стипендија, која можат да ја иско­ристат во кое било од седиштата на „Данте Алигиери” во Италија. Годинава најдобар успех покажа 15- годишниот Марјан Атанасов­ски кој го заврши нивото А2. Еве што мисли тој за курсевите во Ин­ститутот:

Марјан: Пред сé, се одлучив да посетувам курс по италијански јазик токму овде, бидејќи Институтот е дел од познатото учи­лиште за италијански јазик ˝Данте Алигиери˝ со седиште во Рим. Часовите, како и целиот курс воопшто се од една страна еду­кативни, но од друга страна пак, и доста интересни и забавни. Со посетувањето на овој курс, навистина може многу да се нау­чи. Ова училиште ни нуди многу можности за продлабочување на нашата љубов кон прекрасниот италијански јазик и култура, на пример преку членските картички со кои можеме да ја користиме целата литература и сите филмови во библиотеката.

Драгана: Италијанскиот, како еден доста распространет јазик, буди голем интерес, пред сé кај младите.Токму затоа има и голем избор на училишта и курсеви. По долго барање, бев упатена во Институтот ˝Данте Алигиери˝. Ми одговараа термините и од­далеченоста, но бев и пријатно изненадена од можностите што овој Институт ги нуди: мали групи на слушатели што овозможу­ва подобро учење и совладување на јазикот, добра опременост на училницата, интерактивен метод на изведување на наставата низ разни игри и презентации поврзани со италијанската кул­тура. Но најважно од сé е големата дружељубивост и големото разбирање на професорката. Како и да е, ова е најдобриот избор на училиште и курс што можев да го направам.

Бобан: Институтот располага со разни нагледни средства како: компјутер, ДВД плеер, ЦД плеер, телевизор, проектор. Оваа би­блиотека има голем број книги од различни жанрови, како и голем број на италијански филмови, што обично тешко се наоѓаат.

Институтот, исто така, активно ги вклучува своите курсисти и во активностите поврзани со Неделата на италијанскиот јазик и кул­тура, Неделата на италијанскиот филм, разни изложби, предавања и сл. Еве што мисли за тоа Тамара, една од курсистките:

Тамара: Ми се допаѓа многу тоа што сме добро инфирмирани за сите настани и активности поврзани со италијанскиот јазик и култура во Скопје. Оваа година ја проследивме Неделата на италијанскиот јазик, каде што гледавме прекрасна претстава режирана од страна на еден Италијанец, студент по режија. Исто така, за време на фестивалот ˝ Прозорец кон италијанскиот филм˝ , бевме во Кинотеката на Република Македонија, каде што имавме можност да видиме еден од најубавите филмови на ре­жисерот Ферзан Оцпетек- ˝Свето срце˝. Мислам дека ова е мно­гу важно за сите оние кои го изучуваат италијанскиот јазик и кои сакаат да си ги подобрат своите лингвистички вештини, но и да ги продлабочат своите познавања за италијанската култура.

Елена Величковска