Институт Данте Алигиери, Скопје


КРАТКО СЛОВО ЗА БОРИСА Борис Петковски беше истакната разнострана и полифонична личност на нашата национална култура. Од првиот момент на своите разнострани ан­гажмани во афирмацијата на македонската ликов­на и уметничка култура тој настапуваше силовито, динамично, како неуморен толкувач на нашите творечки вредности и аниматор на нашиот култу­рен уметнички амбиент. Од тој богат разностран животен и уметнички ангажман јас во оваа при­лика ќе изделам три својства на неговата личност. Најнапред, тоа […]

ЗА БОРИС ПЕТКОВСКИ… …Ја паметам сè уште јасно, како да беше вчера, мојата прва консултација, пред првиот испит на постдипломските су­дии, на која проф. Петковски зборуваше (призна­вам, за мене тогаш по многушто неразбирливо) дека „…имаме обврска: будно да ги опсервираме сите процеси кои реално или само навидум го профилираат нашиот идентитет, да ги креираме содржините и да ги дешифрираме контекстите на идеите кои го обезбедиле нашето суштествено дејствување и опстојување […]

…кога четворица пријатели… …продолжуваат… Кога бев во служба во Министерството за над­ворешни работи, среќавањето на различни личности беше речиси секојдневие: и прие­мот на личности од областа на културата (секогаш помалубројни во однос на политичарите) покрај тоа што ми причинуваше чест, ми причинуваше и за­доволство да бидам сметан за достоен соговорник или барем не толку неспособен. Во Скопје, речиси веднаш, го запознав г-динот Вишински кој заедно со проф. Итало Бертони, вед­наш […]

Имаме чест да му ја оддадеме уште еднаш должната почит на професор д-р Борис Пет­ковски, како на извонреден историчар на уметноста, пожртвуван професор, активен култу­рен деец и почитуван и докажан член на нашиот колектив, но и на нашата општествена заедница. Иако денес веќе не дели извесна временска дис­танца од неговото испраќање во вечноста, допрва претстои истражување на бројните достигнувања на професор д-р Борис Петковски, а уште повеќе утврдување на ефектите […]

Вредноста на едно дело можеби можеме да ја мериме според она што тоа го предизви­кува врз околината. Да бидам попрецизен. Животот ви овозможува да се среќавате со дела, на некои реагирате рефлексно, некои воопшто не ве допираат, но има и онакви кои не ве оставаат рамнодушни. Овие последните се многу ретки, но исклучително моќни. Се вгнездуваат во вашата потсвест, и ве поттикнуваат да размислувате за нив. Ги предизвикуваат прашања како […]

На драгиот пријател Борис Петковски, По последниот телефонски разговор кога на­шите гласови се споија преку техничката креативност, сега ти го пишувам ова писмо, мојата мисла преку патот на спомените ќе те пре­несе во не – димензиите, каде љубовта ја содржи во себе вечноста. Сонот што го следеше целиот твој живот, да го најдеш изворот на уметноста, се оствари. Сега си онаму каде што се со тебе големите учители на сите […]

Личноста на Борис Петковски, која во себе ги соединуваше и познавачот на современата уметност, како од потесниот така и од по­широкиот културен простор, а и пријателот и со­ветникот, остана особено во мене како Словенец во живо сеќавање. Можеби поради фактот што живеевме, имајќи го формално на ум распонот на тогашната држава Југославија, во крајно од­далечени места, а сепак се среќававме доволно често, се допишувавме… Се присетувам на не­говиот ракопис: тесни, […]

Мојата прва средба со Борис Петковски беше некаде во далечната 1952 година. Јас, како гледач на оперска претстава во Македон­скиот народен театар, а Борис како член на балет­скиот ансамбл во улога на шпански тореро. Во групата која што ја изведуваше балетската нумера тој паѓаше во очи со својата височина, вито­то тело и елегантните движења на рацете и нозете, со својот вроден осет за музика, како и со јасно из­разените, благородни, […]

Постојат личности кои со својата енергија и ви­талност засекогаш остануваат во сеќавањата на идните генерации, поточно личности кои со својата работа засекогаш се вградуваат во историјата и растежот на една институција и по­широко во развојот на една дејност. Таква личност беше мојот драг професор, неуморен музејски професионалец Борис Петковски, првиот директор на Музејот на современата уметност-Скопје (1964-1976). Кога зборувам за Борис Петковски вед­наш го идентификувам со највпечатливиот и најсложениот проект […]

Денес и во деновите што доаѓаат, ќе се збору­ва и ќе се пишува многу за значењето на де­лото што проф. д-р Борис Петковски го оста­ви зад себе, за неговото место во историјата на ма­кедонската култура и уметност, за значењето на не­говиот творечки опус, за неговиот научен придо­нес во теоријата и проучувањето на историјата на македонската ликовна уметност, за подвигот во создавањето и втемелувањето на Музејот на совре­мената уметност којшто успешно […]