Институт Данте Алигиери, Скопје

Новости


Неделата на италијанската кујна во светот, одбележана и во Основното училиште Ј.Х.Песталоци во Скопје, со учениците кои следат настава по италијански јазик. Им благодариме на сите дечиња кои ги подготвија италијанските специјалитети, добар апетит!

Италијанскиот амбасадор, Н.Е Карло Ромео го посети часот по италијанска кујна во основното училиште Кочо Рацин во Скопје.Во оваа прилика се обнови Меморандумот за соработка меѓу Институтот Данте Алигиери и училиштето Кочо Рацин каде што продолжува наставата по италијански јазик.

Признанија за заслуги од Институтот Данте Алигиери Рим за професорките Анастасија Ѓурчинова и Ксенија Јелен.

ИСПИТ ПЛИДА Отворени се уписите за испитите во пролетната сесија! УПИСИ: 26.03-05.04.2018 ИСПИТИ: 11 АПРИЛ Б2, Ц1 23 МАЈ А1, А2, Б1, Ц2 Сертификат за познавање на италијанскиот јазик ПЛИДА, признаен од Советот на Европа Институтот “Данте Алигиери” од Скопје e единствен акредитиран центар во РМ за спроведување на испитите за сертификатот ПЛИДА, признаен за студирање и работа во Италија Што е PLIDA? PLIDA сертификатот ги потврдува јазичните компетенци – […]

Промоцијата на преводот на италијански јазик на на збирката раскази (Mentre Dante dorme), “Додека Данте спие” ќе се одржи на 13 ноември во 19 часот во Јавна Соба во Скопје. Книгата напишана на македонски од Силвија Митевска, за издавачот “Или Или“, на италијански е преведена од проф. Лучана Гуидо Шремпф и е објавена во Италија од издавачката куќа Беса Саленто Букс. Италијанското издание е поддржано од Министерство за култура на […]

Недела на италијанската книга е манифестација организирана од Институтот „Данте Алигиери“ во соработка со Амбасадата на Република Италија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и неколку книжарници во Македонија. Од 13.11 – 18.11.2017 г. читателите ќе имаат можност да купуваат книги од италијански автори кои ќе бидат на попуст во книжарниците на издавачите Култура, Просветно дело,Три, Или-Или, Магор, Антолог, Сигмапрес, Литература.мк, Арс Студио, Икона и Матица. Во рамките на […]

Првото издание на Кино форумот за сезоната 2017/18 беше дел од програмата на 17 издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот посветена на филмот. Оваа прва средба со нашата сѐ побројна публика, се одвиваше во одлична атмосфера, во ЕУ Инфо центарот а филмот “Кулирај“, напишан и режиран од Франческо Бруни, предизвика многу интересна и конструктивна дебата, особено поради насловот, продолжувајќи ја дискусијата со етимологијата на зборот и на крајот […]