Институт Данте Алигиери, Скопје

ИСПИТ ПЛИДА
Отворени се уписите за испитите во ноемвриската сесија!

УПИСИ:

13-24.11.2017

ИСПИТИ:

29 НОЕМВРИ А1,А2,Б1

30 НОЕМВРИ Б2, Ц1, Ц2

Сертификат за познавање на италијанскиот јазик ПЛИДА,
признаен од Советот на Европа

Институтот “Данте Алигиери” од Скопје e единствен акредитиран центар во РМ за спроведување на испитите за сертификатот ПЛИДА, признаен за студирање и работа во Италија

Што е PLIDA?
PLIDA сертификатот ги потврдува јазичните компетенци – познавања на италијанскиот јазик како странски. Испитот за стекнување на овој сертификат е поделен на шест основни рамништа (А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2), според Европската референтна рамка за познавање на јазиците. Јуниор.

Зошто ПЛИДА?
Сертификатот од овој испит е акредитиран од Советот на Европа, од Министерството за надворешни работи на Р.Италија, од Министерството за труд и социјална политика на Р.Италија, како и од Министерството за наука и високо образование на Република Италија.

За кого е наменет:
– во Институтот Данте Алигиери во Скопје сметаме дека Сертификатот ПЛИДА ќе биде посебно интересен за ученици и студенти што планираат да запишат додипломски или постдипломски студии на некој од италијанските универзитети,
– Сертификатот ПЛИДА може да им послужи на сите оние што сакаат да работат во Р. Италија, каде треба да приложат потврда за познавање на јазикот.
– Сертификатот ПЛИДА е корисен и за сите оние што сакаат да имаат признаена доживотна потврда за познавање на италијанскиот јазик, односно да си го збогатат своето CV со меѓународно признаен сертификат.
Кога се одржува ПЛИДА?
Испитот се изведува секоја година во две сесии, пролетна и есенска.

Цени (се уплаќа во денарска противредност):
A1 35 евра A2 45 eвра Б1 55 eвра Б2 65 евра Ц1 75 евра Ц2 85 eвра
Уписи на маил: ladante.skopje@gmail.com

Информации:
официјалната интернет страна: www.plida.it
да ни се обратите нам на тел: 075 941 276