Првото издание на Кино форумот за сезоната 2017/18 беше дел од програмата на 17 издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот посветена на филмот. Оваа прва средба со нашата сѐ побројна публика, се одвиваше во одлична атмосфера, во ЕУ Инфо центарот а филмот “Кулирај“, напишан и режиран од Франческо Бруни, предизвика многу интересна и конструктивна дебата, особено поради насловот, продолжувајќи ја дискусијата со етимологијата на зборот и на крајот поминувајќи на римскиот младешки сленг. Благодарност до сите што придонесоа за прекрасната атмосфера и стимулативната дискусија!