Институт Данте Алигиери, Скопје

Промоцијата на преводот на италијански јазик на на збирката раскази (Mentre Dante dorme), “Додека Данте спие” ќе се одржи на 13 ноември во 19 часот во Јавна Соба во Скопје.

22852992_10155649370781145_8326633358972609472_nКнигата напишана на македонски од Силвија Митевска, за издавачот “Или Или“, на италијански е преведена од проф. Лучана Гуидо Шремпф и е објавена во Италија од издавачката куќа Беса Саленто Букс.

22528320_10155623903331145_5971535155713374410_n

Италијанското издание е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија.

За книгата ќе зборуваат преведувачката и проф.Анастасија Ѓурчинова.