Космикомики на Итало Калвино и неговата научна фантастика Патувањето низ делата на Итало Калвино доведува до откривање на фантастични и бајковити кралства. Помеѓу 1950те и 1960те творештвото на Калвино, карактеристично со неговите ликови и приказни кои зборуваат за „создавањето на човечките суштества“, достигнало нов степен во средината на 60те години со еден нов циклус раскази кои не’ водат уште подалеку, на едно вистинско астрономско и космогониско патување. Тогаш се раѓаат […]
Поезија од Ацо Шопов објавена во Италија Реномираното римско списание „Нуови аргоменти“ неодамна објави 9 песни – избор од поезијата на Ацо Шопов, еден од основоположниците на современата македонска поезија, во препев на италијански јазик од Анастасија Ѓурчинова и Миа Леконт. Списанието „Нуови аргоменти“ е основано во 1953 година од писателите Алберто Моравија и Алберто Карочи, со намера да се профилира како левичарско книжевно гласило, аналогно на „Модерните времиња“ на […]
Италијанскиот поет Џерардо Мазучо е добитник на наградата „Мостови на Струга“ 2022, објави Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Наградата се доделува во соработка со УНЕСКО за најдобра дебитантска книга на млад поет до 35 годишна возраст. Џерардо Мазучо е роден 1991 година во Батипаља, близу Неапол. Завршил класична гимназија во Еболи, а дипломирал издаваштво и авторски права на Универзитетот Бокони во Милано. Работел како уредник кај реномираниот издавач „Бомпијани“, […]