Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и оваа година доби можност да биде дел во гласањето за најпрестижната книжевна награда во Италија „Стрега“. Групата составена од 13 читатели, љубители на италијанската книжевност, Анастасија Ѓурчинова, Андријана Русеска, Анета Симовска, Валентина Милошевиќ, Весна Коцева, Владимир Андоновски, Ива Анастасова, Јована Караникиќ Јосимовска, Марија Муратовска, Руска Ивановска Наскова, Сара Златановска, Сандра Ангеловска и Теодора Јосифовска, предводена од проф. Јована Караникиќ Јосимовска, со огромен ентузијазам ги […]
На 25.01.2023 се одржа средба со членовите на Институтот Данте Алигиери од Скопје во Мултимедијалниот центар на катедрата за италијанистика при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ со цел да се прикажат и промовираат новодобиените книги на италијански јазик. Книгите се донација од Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим за Институтот Данте Алигиери Скопје, еден од литературните претседавачи на Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим. Ни претставува огромно задоволство што фондот на нашите книги, […]
ПЛИДА А2 Б1 СРЕДА 22 ФЕВРУАРИ 2023 УПИСИ 01.02.2023 – 12.02.2023 ladante.skopje@gmail.com
УПИСИ 2023 Пролетен семестар, онлајн курсеви по италијански јазик! УПИСИ од 20.01.23 до 10.02.23 Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Италијанската Амбасада ги отвори уписите за пролетниот семестар во 2023: IL MONDO IN ITALIANO (Светот на италијански јазик) Impara la dolce lingua: Научи го италијанскиот јазик на нашите курсеви: – стандардни курсеви за степените од А1 до Ц2, 4 месеци 2 пати неделно по 90 мин.: 7.500 ден. […]
Институтот Данте Алигиери Скопје учествуваше на средбатa “Presidi letterari” на Асоцијацијата Данте Алигиери чија цел е промоција на италијанската книга во светот. Голема благодарност до Алесандро Мази, Еуџенио Вендер и Лучила Пицоли за нивната поддршка на Институтот.
На покана г-ѓа Ружица Биџовска директорка на градинката 13 Ноември од Скопје по повод одбележувањето на патрониот празник, претседателот на Институтот Данте Алигиери проф. Ладислав Цветковски ја посети градинката. Во рамките на прославата тој оствари средба со градоначалникот на Општина Центар г-дин Герасимовски, директорката г-ѓа Ружица Биџовска и со дел од вработените на градинката. На средбата со градоначалникот г-дин Горан Герасимовски беше потврдена досегашна успешната соработка меѓу Општина Центар и […]
И оваа година Институтот Данте Алигиери, во соработка со Амбасадата на Р. Италија и ITA- Italian Trade Agency Скопје, учествуваше во настанот посветен на Неделата на италијанската кујна во светот. Учениците од девет основни училишта, каде се изучува италијанкиот јазик во рамките на проектот ,,Изучување италијански јазик во Македонија”, овозможен од Министерството за Надворешни работи на Република Италија и реализиран од нашиот Институт, беа мотивирани да цртаат на тема „Вкусовите […]
Kонкурс за дизајн на плакат инспириран од ликовите од италијанскиот стрип за Денот на италијанскиот стрип Конкурсот беше организиран од страна на Амбасадата на Италија во соработка со Институтот Данте Алигери од Скопје и Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија. Конкурсот беше отворен на 26.05.2022 година, со информација која беше споделена преку веб страните како и социјалните мрежи на Амбасадата на Италија, Џифони Македонија и Институтот Данте Алигери од Скопје. […]
ПОСЕТА НА ИТАЛИЈАНСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО ТИРАНА На 21.09.2022 година, проф. Ладислав Цветковски, претседател на Институтот Данте Алигиери во Скопје, го посети Италијанското училиште во Тирана, промовирано и поддржано од Друштвото Данте Алигиери од Рим и признаено од албанското Министерство за образование. Во Италијанското училиште во Тирана проф. Цветковски беше пречекан од ко-основачката и директорка на училиштето Кончета Марота. По посетата на училниците, лабораториите и средбата со учениците, Цветковски и Марота […]
Институтот Данте Алигиери од Скопје изразува сочувство за загубата на професорот Лука Сериjани, лингвист, филолог, член на Академија дела Круска и потпретседател на Друштвото Данте Алигиери. Проф. Серијани беше гласник, чувар и заштитник на јазикот на Данте, каде ,,sì” слатко звучи🇮🇹