Тицијано Скарпа Осаменост. Радост. Болка. Лудило. И страв од неуспех. Добитникот на наградата ’Стрега’ зборува за тешкотијата наречена пишување. Преку замислен дијалог со зборовите. Малку сум загрижен. Имам важна средба и се плашам дека нема да и‘ бидам на ниво. Не е филмска дива во прашање ниту пак политичар.Треба да направам интервју за тешкотијата наречена пишување. Многу размислував за тоа и сфатив дека нема никој друг што може да ми […]
Издание 2
На страниците посветени на литературата го претставуваме авторот Тицијано Скарпа, добитник на книжевната награда „Стрега“ за 2009 година. Во оваа пригода предложуваме куса одломка од неговиот добитен роман Stabat Mater, како и имагинарен дијалог на авторот со зборовите. Госпоѓа Мајко, длабока ноќ е, станав и дојдов овде да ви пишувам. Колку за промена, и оваа ноќ немирот ме нападна. Тој е веќе ѕвер што добро го познавам, знам како треба […]
По повод 50 години од филмот Акатоне Пјер Паоло Пазолини, писател, поет, новинар и режисер, еден од најголемите италијански интелектуалци и уметници на 20 век, е роден во 1922 година во Болоња. Детството и младоста ги поминува во патување и живеење во касарни низ Италија, следејќи го татко му, воен офицер, за во 1943 год. да се пресели во селото Казарса во регионот Фриули, од каде што потекнува неговата мајка. […]
Бевме во контакт сe до претпоследниот ден: ,во Палатата Фиренца на седиштето “Данте Алигиери“ во Рим, организиравме поетска манифестација во чест на 50 годишнината од Струшките вечери на поезијата, со омаж на Матеја Матевски, добитник на Златниот Венец 2011; испратив официјален предлог за кој ми го потврди одобрувањето од Министерството за култура. Го запознав Борис во јули 1996; на вториот ден од мојот престој во Скопје, тој се појави во […]
Во 2009 година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прослави педесет годишнината од студиите по италијански јазик. Со цел да се обележи овој настан од особена важност за нашиот Универзитет, Катедрата по италијански јазик и книжевност, во рамките на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, беше домаќин на меѓународниот собир посветен на италијанскиот јазик, култура и книжевност. Оваа иницијатива, која првенствено имаше за задача да го прослави јубилејот од студиите […]
Кон крајот на септември 2009 година скопската публика имаше можност да биде дел од патувачката изложба насловена како „Written in Italy’’ (Напишано во Италија). Оваа меѓународна изложба понуди над 600 книги од италијански автори преведени на дури 37 светски јазици меѓу кои и македонскиот. Меѓу книгите секако се најдоа преводи на италијанските класици, како Данте, Петрарка, Бокачо, но и современи дела на италијански автори, како Моравија, Калвино, Аманити, добро познати […]
Quando mi sono iscritta alla Facoltà di Filologia a Skopje presso la Cattedra di Italianistica, immaginando il mio futurо lavoro mi vedevo come insegnante d’italiano oppure interprete. Ma da quando ho cominciato a collaborare con l’Istituto Dante Alighieri a Skopje, mi si è presentata un’altra opportunità: insegnare macedone tramite l’italiano. Si è creato un gruppo di entusiasti italiani che, sia per motivi di lavoro che per curiosità personale, hanno deciso […]
На 20 октомври, 2009, по повод деветтото издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот посветена на Италијанскиот јазик во уметноста, науката и технологијата, Комитетот на Данте Алигиери во Скопје организираше Вечер посветена на Леонардо Да Винчи. Настанот беше осмислен и реализиран од страна на здружението Данте Алигиери од Скопје со учество на професорот и писател Александар Прокопиев. Професорот Прокопиев, излегувајќи надвор од шемата на вообичаените академски излагања, даде интересен […]
Во чест на Федерико Фелини Институтот “Данте Алигиери“ од Скопје од декември 2010 започна со проекција на филмски серијал посветен на Фелини, со што ја одбележа 90-годишнината од раѓањето на овој голем филмски мајстор. Федерико Фелини е роден 1920 год., во Римини. По заминувањето од родниот град, доаѓа во Рим каде што работи како цртач на мини карикатури во весникот Domenicа del corriere. Кариерата ја продолжува како анонимен филмски […]
Tврдоглавo и во спротивна насока По повод десет години од смртта на кантавторот, Институтот „Данте Алигиери“ организираше вечер посветена на Фабрицио де Андре Самиот Де Андре се себедефинираше како кант-автор. За секој случај. „Бенедето Кроче велеше дека до осумнаесет годишна возраст сите пишуваат песни и дека, од таа возраст па натаму, има само две категории на луѓе кои пишуваат и понатаму: поети и идиоти. Па така јас, за секој случај, […]