Во рамките на XVI Недела на италијанскиот јазик во светот, на 3.11.2016 (четврток) во 12 ч. во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје беше отворена изложба на постери од студентската работилница на Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет. По отворањето, италијанскиот илустратор и графички дизајнер Серџо Оливоти одржa видеоконференциско предавање. Видеото е реализирано од Серџо Оливоти (сите права задржани) и може да биде употребено исклучиво во […]
Архива
Рафаела Ромањоло ја претставува Погрешното дете Рафаела Ромањоло со книгата Погрешното дете (Фрасинели) беше во конкуренцијата за наградата Стрега 2016. Освои најмногу гласови од Комитетите на Институтот Данте Алигиери во светот. Рафаела Ромањоло е родена во Казале Монферато во 1971, живее во Рока Грималда со сопругот. Ги напишала L’amante di città (Fratelli Frilli, 2007) а за Piemme, La masnà (2012, од која настанала и театарска претстава) и Tutta questa vita […]
Погрешното дете од Рафаела Ромањоло извадоци во превод на групата „Скопјанисти“ (курс Б2.2) La figlia sbagliata di Raffaella Romagnolo frammenti tradotti dal gruppo “Skopjanisti” (corso B2.2) I paragrafo (Primo giorno, pag.1-2) La morte arriva in fretta, e alla fine gli avambracci di Pietro Polizzi restano dove stanno ogni sera, dopo cena, da quasi otto anni: sulla tovaglia cerata del tavolo in cucina, le dita a contenere i confini della Settimana […]
“Добредојдовте на Југ“ од Паоло Румиз Зошто инсистирате да дојдете на Југ? Не гледате ли дека исчезна од географските карти? Јужњаците први ни советуваа да не одиме таму. Да ги слушавме нивните совети, тоа патување низ Апија не требаше никогаш да се случи. «Ќе поминете низ земјите на Гомора, огништата и говедата, илегалноста и деспотизмот». Други пак, предупредуваа: «Апенинскиот полуостров се иселува, ќе најдете повеќе кучиња-скитници отколку луѓе». Но, јужно од […]
АНДРЕА КАМИЛЕРИ Големиот италијански писател, креатор на “Комесарот Монталбано“ и на многу прекрасни романи, одговори на нашите прашања на теми за јазикот, литературата, неговите извори на инспирација (како Бесниот Орландо), за улогата на писателот, за вметнувањето на дијалекталните зборови во расказите, за непознатите анегдоти и многу друго. Пријатно читање! РЕДАКЦИЈА: Објаснувајќи го вашиот придонес кон ликот на Анџелика од “Бесниот Орландо“ во романот “Насмевката на Анџелика“ раскажувате како овој книжевен […]
Во организација на ЕУНИК-Скопје одбележан Денот на Европа Младите и студентите во ЕУ-МК инфо центарот на плоштад Македонија во Скопје на 9 мај годинава имаа можност да се запознаат со европските вредности и идејата дека културата ги надминува границите, со посебен акцент на мобилноста на младите, во рамки на настанот „Младите и мобилноста“. Настанот го организираше Европската мрежа на културни институции ЕУНИК-Скопје, во која членуваат Британскиот Совет, Италијанскиот центар „Данте […]
500 години од Бесниот Орландо Парабола за човечкото битие меѓу класиката и модерните времиња Интервју со проф. Алберто Казадеи На 22 април 2016 се одбележува 500 годишнината од објавувањето на првото издание на Бесниот Орландо. Оваа фасцинантна поема придонесе за фундаментален развој на јазикот, уметноста и културата на Италија. ‘Летајќи’ меѓу крилјата на иронијата, Бесниот Орландо даде свој придонес во изградбата на фантастичен имагинариум во идните векови, мешајќи го […]
Мармитоне и Интернетот Весниците можат да ги поправат грешките коишто се распространети на Интернетот. А мрежата има способност да го контролира печатот. Оваа вежба треба да се предава на училиште. Во минатата колумна, пуштив апел до весниците. Бидејќи општо e познато дека на Интернет постојат сериозни и веродостојни страни, но и други кои пренесуваат лажни вести, дури и гнасни измислици, како што се неонацистичките и негационистичките страни, зошто тогаш весниците, […]
ДАНТЕ И ЕВРОПА Универзалноста на Дантеовата мисла Многу сум среќен што сум вечерва овде во Скопје, за да ја прославам со вас Неделата на италијанскиот јазик, промовирана од Италијанската амбасада, во соработка со Комитетот Данте Алигиери и други важни институции меѓу кои Инфо центарот на Делегацијата на Европската Унија, во чиешто седиште сме гости. На сите вам ви го пренесувам поздравот од нашиот претседател на Друштвото Данте Алигиери, проф. Андреа […]
Омаж на Умберто Еко од Анастасија Ѓурчинова објавено во Утрински весник, 26.02.2016 Умберто Еко беше неуморен аналитичар на актуелната стварност Еден од највлијателните интелектуалци на денешнината, писател и професор по семиотика, кој почина на 19 февруари, беше и толкувач на мистични универзуми, но и поклоник на убавината, мудроста и рационалноста Деновиве од светот си замина Умберто Еко, еден од највлијателните интелектуалци на денешнината, писател и професор по семиотика, но над […]