На 1 јуни 2024 г., сабота, во просториите на Europe House во Скопје, се одржа средба на групата читатели составена од 12 членови на Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје кои учествуваа во дебата за романите-финалисти за најпрестижната книжевна награда во Италија – „Стрега“. На учесниците на почетокот им се обрати и ги поздрави заменик-претседателот на Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје, проф. д-р Руска Ивановска-Наскова. Преку плодна дискусија, членовите ги претставија […]
Новости
Статија за Институтот ДА во списанието Italica Belgradiensia Во посебниот број на списанието Italica Belgradiensia посветен на професорката Јулијана Вучо, објавена е статија за активностите на Институтот Данте Алигиери во Скопје. Ivanovska-Naskova, Ruska. “Nuovi Contesti per l’italiano in Macedonia del Nord. Le attività di promozione della lingua e della cultura italiana dell’Istituto Dante Alighieri di Skopje.” Italica Belgradensia, Numero speciale: Studi in onore di Julijana Vučo, 2023, pp. 71–80. https://drive.google.com/file/d/1bRmgDKjALxm-5NCuCmZHeLrHb3T6EbRH/view?usp=sharing
Ни претставува особена чест што во рамките на отворањето на традиционалната изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности Дела на хартија „Мал формат“ имавме можност нашата традиционална предновогодишна „панетоне прослава“ да ја организираме заедно со Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во неповторливиот Сули ан, Стара скопска чаршија. На првонаградената Теона Димитриеска, Институтот Данте Алигиери од Скопје и додели ваучер за бесплатен курс по Италијански јазик. Дванаесет учесниците од […]
Аташето за одбрана во Италијанската амбасада во Скопје, Полковник Стефано Анџони ги додели дипломите на групата вработени во Министерството за одбрана: Илир Бајрами, Емилија Ѓуриќ, Драган Кузмановски, Ирина Блажевска, Александра Трајковска и Елвин Ејуб, коишто го следеа курсот по италијански јазик финансиран одMинистерството за одбрана на Италија. Со овој курс продолжува успешната соработка на Институтот Данте Алигиери со Италијанската амбасада и Министерството за одбрана на Р.Северна Македонија.
Во градинката 13 Ноември во Скопје успешно заврши почетниот курс по италијански јазик кој за првпат во нашата држава се организира за деца од предучилишна возраст, во рамките на проектот „Нови контексти за италијанскиот јазик во Р.С. Македонија“. Курсот се реализира од страна на Институтот Данте Алигиери – Скопје, а проектот е поддржан и финансиран од Здружението Данте Алигиери од Рим. […]
Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и оваа година доби можност да биде дел во гласањето за најпрестижната книжевна награда во Италија „Стрега“. Групата составена од 13 читатели, љубители на италијанската книжевност, Анастасија Ѓурчинова, Андријана Русеска, Анета Симовска, Валентина Милошевиќ, Весна Коцева, Владимир Андоновски, Ива Анастасова, Јована Караникиќ Јосимовска, Марија Муратовска, Руска Ивановска Наскова, Сара Златановска, Сандра Ангеловска и Теодора Јосифовска, предводена од проф. Јована Караникиќ Јосимовска, со огромен ентузијазам ги […]
На 25.01.2023 се одржа средба со членовите на Институтот Данте Алигиери од Скопје во Мултимедијалниот центар на катедрата за италијанистика при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ со цел да се прикажат и промовираат новодобиените книги на италијански јазик. Книгите се донација од Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим за Институтот Данте Алигиери Скопје, еден од литературните претседавачи на Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим. Ни претставува огромно задоволство што фондот на нашите книги, […]
УПИСИ ЕСЕН 2025Есенски семестар, онлајн курсеви по италијански јазик!УПИСИ од 01.09.25 до 14.09.25Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Италијанската Амбасада ги отвори уписите за есенскиот семестар во 2025:IL MONDO IN ITALIANO (Светот на италијански јазик)Impara la dolce lingua:Научи го италијанскиот јазик на нашите курсеви:– стандардни курсеви за степените од А1 до Ц2, 4 месеци 2 пати неделно по 90 мин.: 9.000 ден. или на 3 рати по 3.000 […]

