Институт Данте Алигиери, Скопје

Новости


  Институтот Данте Алигиери- Скопје ве поканува на проекција на филмот “Индустријалец ” во режија на Џулијано Монталдо, проследена од кратка дискусија. Кино клубот има за цел ширење на италијанската култура преку филмот како основна алатка, и е наменет за сите италијанисти и вљубеници во италијанскиот јазик и култура. Вториот кино клуб ќе се одржи во петок 31 март, во 19 часот во просториите во Ристиќева палата.

ПЛИДА УПИСИ Отворени се уписите за испитите во пролетната сесија! УПИСИ МАЈ 02-12.05. 2017 ИСПИТИ МАЈ: (A1. A2, B1, C2) 17.05.2017 Сертификат за познавање на италијанскиот јазик ПЛИДА, признаен од Советот на Европа Институтот “Данте Алигиери” од Скопје e единствен акредитиран центар во РМ за спроведување на испитите за сертификатот ПЛИДА, признаен за студирање и работа во Италија Што е PLIDA? PLIDA сертификатот ги потврдува јазичните компетенци – познавања на […]

Во понеделникот 13 март, во Министерството за одбрана на Република Македонија, се организираше официјално доделување на дипломи на курсистите од Министерството, во присуство на Полковникoт Франко Галети од Италијанската амбасада во Скопје и претседателката на Институтот Данте Алигиери, професорката Анастасија Ѓурчинова. Професорката по италијански јазик, Елена Шапрданова одржа курс од 64 часа за којшто вработените во одбраната добија дипломи за почетно ниво А1. Честитки и се надеваме дека оваа убава […]

Првиот кино форум за оваа сезона помина одлично! Омаж на еден од најдобрите филмови на италијанската кинематографија” Nuovo Cinema Paradiso” на големиот режисер Џузепе Торнаторе. На дискусијата што следеше по филмот имавме можност да ги слушнеме ставовите и мислењата на дел од нашите курсисти, поранешни студенти од катедрата за италијански јазик, љубители на филмот и, на наше големо задоволство, за прв пат во нашиот институт го пречекавме првиот секретар Алесио […]

Италијански јазик во основните училишта во Скопје Оваа учебна 2016/17 год. започна да се реализира проектот на Институтот Данте Алигиери, во соработка и со поддршка на Италијанската амбасада, за факултативно изучување на италијанскиот јазик во IV и V одделение во основните училишта во Скопје. Иницијативата на Иститутот беше одобрена од соодветните комисии за образование на скопските општини Центар и Карпош, по што проектот беше понуден и прифатен од четири основни […]

Италијански јазик во Министерството за одбрана на Р.М. Во тек е проектот за настава по италијански јазик за вработените во Министерството за одбрана на Република Македонија, финансиски поддржан од Италијанското министерство за одбрана преку Италијанската амбасада во Скопје. Девет вработени од македонското министерство за одбрана, два пати неделно во просториите на министерството го учат италијанскиот јазик преку почетен курс, а според програмата на Институтот Данте Алигиери. Наскоро се планира продолжување […]

Институтот Данте Алигиери- Скопје ве поканува на проекција на еден од најголемите класици на италијанската кинематографија- филмот “Nuovo Cinema Paradiso” во режија на Џузепе Торнаторе, проследена од кратка дискусија. Кино клубот има за цел ширење на италијанската култура преку филмот како основна алатка, и е наменет за сите италијанисти и вљубеници во италијанскиот јазик и култура.

          Институтот Данте Алигиери и Италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Универзитетот од Палермо, на 2 и 3 декември 2016 год. во Мултимедијалниот итало-македонски центар на Факултетот Бчаже Конески – Скопје, организираше Обука за дидактика на италијанскиот јазик како странски, на тема: “Креативното пишување и функционалното пишување: модели на предавање“ со обучувачот, професорката Егле Мочаро. Поздравните говори беа на Италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео […]

31.10 – 05.11.2016 год. Култура, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог, Литература.мк, Матица Отворање на изложба на студентски постери и предавање на илустраторот и графички дизајнер Серџо Оливоти 3.11.2016, четврток, 12 ч. Мултимедијален центар, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје Неделата на италијанската книга е организирана од Институтот Данте Алигиери во соработка со неколку институции и книжарници во Скопје. Од 31.10 – 05.11.2016 год. книжарниците Култура, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог, […]

Данте од Скопје домаќин на Рафаела Ромањоло најгласаната писателка од комитетите Данте за наградата Стрега 2016 Комитетот на Данте од Скопје, имаше чест по втор пат да биде избран како дел од комисијата во рамките на проектот “Данте за Наградата Стрега“. Со таа цел, ја искористи приликата да може да биде домаќин на писателката Рафаела Ромањоло – финалист на Наградата Стрега 2016. Писателката Ромањоло, меѓу 12-те финалисти на Наградата 2016, […]