Институт Данте Алигиери, Скопје

20170313_154230

Во понеделникот 13 март, во Министерството за одбрана на Република Македонија, се организираше официјално доделување на дипломи на курсистите од Министерството, во присуство на Полковникoт Франко Галети од Италијанската амбасада во Скопје и претседателката на Институтот Данте Алигиери, професорката Анастасија Ѓурчинова. Професорката по италијански јазик, Елена Шапрданова одржа курс од 64 часа за којшто вработените во одбраната добија дипломи за почетно ниво А1. Честитки и се надеваме дека оваа убава соработка ќе продолжи!