Институт Данте Алигиери, Скопје

Италијански јазик во Министерството за одбрана на Р.М.

images (5)

Во тек е проектот за настава по италијански јазик за вработените во Министерството за одбрана на Република Македонија, финансиски поддржан од Италијанското министерство за одбрана преку Италијанската амбасада во Скопје. Девет вработени од македонското министерство за одбрана, два пати неделно во просториите на министерството го учат италијанскиот јазик преку почетен курс, а според програмата на Институтот Данте Алигиери. Наскоро се планира продолжување на курсевите отворање на уште една група заинтересирани вработени за учење на италијанскиот јазик.

images

Инаку ова не е прва соработка на нашиот Институт со државните институции, бидејќи претходно имавме успешна реализација на сличен проект со Министерството за надворешни работи а се планира соработка и со други министерства, како на пример со Министерството за внатрешни работи на Р.М.