Институтот Данте Алигиери и Италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Универзитетот од Палермо, на 2 и 3 декември 2016 год. во Мултимедијалниот итало-македонски центар на Факултетот Бчаже Конески – Скопје, организираше Обука за дидактика на италијанскиот јазик како странски, на тема: “Креативното пишување и функционалното пишување: модели на предавање“ со обучувачот, професорката Егле Мочаро. Поздравните говори беа на Италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео и Деканот на Филолошкиот факултет, Проф. Анета Дучевска.
Обуката ја опфати темата пишување сфатена како активност со практични цели, како средство за лингвистичко експериментирање. На методолошки план обуката се состои од два сегмента, еден со присуство и еден онлајн. За време на обуката во живо, курсистите експериментираа како усвојувачи на предлозите на обучувачот. На ова искуство му следи онлајн обука посветена на насочено читање текстови со цел создавање поделен терен.
По средбата во живо пак, курсистите ќе ги елаборираат дидактичките примери што ќе ги применат со нивните ученици; за овие примери, во рамките на вториот онлајн дел ќе имаат супервизија од обучувачите. На средбата во живо, по воведот околу прашањата: што е текст, што е пишување и како се учи, се реализираа две лаборатории на следниве теми:
-експериментално пишување: “Тап удар или како да се научи граматиката преку зборовите“
-функционално пишување: “Резимирање, опишување, излагање: создавање способности за пишување“
На оваа важна обука учествуваа околу 40 наставници по италијански јазик во Македонија, коишто на крајот на обуката добија Сертификат за присуство. Обуката продолжува со онлајн фазата.