Институт Данте Алигиери, Скопје

Новости


Презентации и гласање за книжевната награда Стрега 2021 Прекрасно беше читањето на романите, забавно но не секогаш лесно во овој краток период. За тоа колку уживавме во претставувањето на книгите, конверзацијата, различните ставови и гласањето се гледа од сликите. Пред сè сакаме да и се заблагодариме на професорката Љиљана Узуновиќ која се погрижи за целата организација а секако и на сите учесници кои со огромен ентузијазам ги презентираа книгите.

Пролетен семестар, онлајн курсеви по италијански јазик! УПИСИ од 20.01.23 до 10.02.23 Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Италијанската Амбасада ги отвори уписите за пролетниот семестар во 2023: IL MONDO IN ITALIANO (Светот на италијански јазик) Impara la dolce lingua: Научи го италијанскиот јазик на нашите курсеви: – стандардни курсеви за степените од А1 до Ц2, 4 месеци, 2 пати неделно по 90 мин.: 7.500 ден. или на […]

По покана од Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 23 април, проф. Ладислав Цветковски претседателот на Институтот Данте Алигиери од Скопје пред 80 присутни студенти го претстави проектот и одржа предавање на тема „Плакат, медиум за лично изразување“. Настанот се одржа во рамките на конкурсот за изработка на постер со ликот на Данте (по повод 700-годишнината од неговата смрт) во организација на Италијанската […]

На 15 април, во рамките на конкурсот на Институтот Данте Алигиери за изработка на постер со ликот на Данте (по повод 700-годишнината од неговата смрт), проф. Анастасија Ѓурчинова од Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ одржа предавање посветено на животот и делото на Данте Алигиери, во кое беа опфатени следните теми: Значењето на Данте: “Padre Dante“ – татко на италијанскиот јазик и литература, кој се јавува како сублимација на идеите на средниот […]

https://www.facebook.com/PalazzoFirenze/ https://www.facebook.com/PalazzoFirenze/videos/190592436056910

Претседателот на Република Италија Серџо Матарела и министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо, ќе бидат пречекани од претседателот на Друштвото Данте Алигиери, Андреа Рикарди, за да присуствуваат на инаугурацијата на платформата Данте.глобал што ќе се одржи во седиштето на Палатата Фиренце во Рим во среда, 14 април во 11:00 часот и може да се следи во живо на www.dante.global.

Италијанската дигитална библиотека во Северна Македонија , проект на Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението „Данте Алигиери“ во Рим, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје (НУБ), Националната централна библиотека во Рим, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Амбасадата на Република Италија во Скопје ќе биде претставен на 14.4.2021 год. на Меѓународната конференција 1st International Online Conference on Digital Transformation in Culture and Education https://digital.bds.rs/conference-program/

Конкурс за изработка на постер: 25.03.2021 – 1.06.2021 Данте700 “700 години од смртта на големиот поет Данте Алигиери” Конкурс за учениците од Средното уметничко училиште во Скопје и државните и приватни академии и факултети за ликовни уметности, архитектура и дизајн во Северна Македонија во чест на 700° годишнина од смртта на големиот поет Данте Алигиери Амбасадата на Италија во Скопје и Институтот Данте Алигиери во Скопје објавуваат конкурс за изработка […]