Инспиративна средба со италијанските филмски легенди продуцентката и актерка Марина Пиперно и режисерот Луиџи Фачини. Тие во среда 14 март како дел од 75 годишнината од депортирањето на македонските евреи во концентрациониот логор Треблинка, ќе се претстават со проекција на филмот Лебот на сеќавањето (Il pane della memoria). Проекцијата ќе биде во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Благодарност до Италијанската амбасада која го овозможи нивното доаѓање во […]
Донација на книги од страна на Италијанската амбасада за италијанското катче во библиотеката во училиштето Нова. Во соработка со Институтот Данте Алигиери веќе неколку години се организираат курсеви по италијански јазик во ова меѓународно училиште. Соработката меѓу трите институции продолжува.
На 57 седница на Владата на Република Македонија беше усвоена и Информацијата за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик. http://vlada.mk/node/14212