Инспиративна средба со италијанските филмски легенди продуцентката и актерка Марина Пиперно и режисерот Луиџи Фачини.
Тие во среда 14 март како дел од 75 годишнината од депортирањето на македонските евреи во концентрациониот логор Треблинка, ќе се претстават со проекција на филмот Лебот на сеќавањето (Il pane della memoria). Проекцијата ќе биде во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Благодарност до Италијанската амбасада која го овозможи нивното доаѓање во Македонија.