Институт Данте Алигиери, Скопје


Кога бев луд… Паричката Пред се’, барам дозвола да тврдам дека сега сум мудар. Ох, за тоа, дури и сиромав. И ќелав. Кога се’ уште бев јас, сакам да кажам, почитуваниот господин Фаусто Бандини, богат и во главно со прекрасна коса, се докажа дека бев луд. И по малку слабичок, се подразбира. Очиве пак, оттогаш ми останаа престрашени, а лицето цело испишано од реакциите на хроничните сожалувања со кои бев […]

Најпродавани книги оваа седмица 1 Антонио Манцини, Рингишпилот на хрчаците, Селерио 2 Звева Казати Модињани, Едно удирање со крилјата, Мондадори 3 Силвија Авалоне, Од каде животот е совршен, Рицоли 4 Маурицио де Џовани, Надзорниците, Рицоли 5 Алесандро Д’Авенија, Убавината да се биде ранлив, Мондадори 6 Мауро Корона/Луиџи Мајерон, Речиси ништо, Кјарелетере 7 Антонио Дикеле Дистефано, Кому не му е добро не го кажува тоа, Мондадори 8 Кјара Гамберале, Нешто, Лонганези […]

Генералното собрание на Институтот Данте Алигиери од Скопје се одржа на 11 април 2017, во присуство на триесетина гости, членови и пријатели на Данте. Д-р Алесандро Мази ги поздрави присутните преку видео порака. Професорката Анастасија Ѓурчинова реферираше за проектите што се реализираа во последните две години. Н.Е. амбасадорот Карло Ромео ѝ додели Диплома на благодарност на професорката Анастасија Ѓурчинова за нејзината работа во текот на 8 години на нејзиното претседателство. […]

Италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео заедно со директорката на Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, професорката Анастасија Ѓурчинова, ги посетија основните училишта, каде што благодарение на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, учениците од четврто и петто одделение го учат италијанскиот јазик. Во оваа прилика, со директорките на училиштата „Кочо Рацин“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Јохан Хајнрих Песталоци“ се потпиша Меморандум за соработка. Наредните денови ќе се посети […]

Вториот кино клуб за оваа сезона посветен на филмот Индустријалецот на Џулиано Монталдо помина во прекрасна атмосфера, преполна сала и со интересен и богат вовед од страна на Фабрицио Сапиа- филмски експерт од Рим кој го претстави филмскиот опус на Монталдо и придонесе за дискусијата по проекцијата. Публиката овојпат беше составена од курсисти на Институтот Данте Алигиери Скопје, италијанисти, музичари и претставници од Италијанската Амбасада, меѓу кои и Неговата Екселенција, […]