Вториот кино клуб за оваа сезона посветен на филмот Индустријалецот на Џулиано Монталдо помина во прекрасна атмосфера, преполна сала и со интересен и богат вовед од страна на Фабрицио Сапиа- филмски експерт од Рим кој го претстави филмскиот опус на Монталдо и придонесе за дискусијата по проекцијата. Публиката овојпат беше составена од курсисти на Институтот Данте Алигиери Скопје, италијанисти, музичари и претставници од Италијанската Амбасада, меѓу кои и Неговата Екселенција, Амбасадорот на Италија во Македонија, г-нот Карло Ромео.
Се гледаме следниот месец со уште еден италијански филм!