Генералното собрание на Институтот Данте Алигиери од Скопје се одржа на 11 април 2017, во присуство на триесетина гости, членови и пријатели на Данте. Д-р Алесандро Мази ги поздрави присутните преку видео порака.
Професорката Анастасија Ѓурчинова реферираше за проектите што се реализираа во последните две години.
Н.Е. амбасадорот Карло Ромео ѝ додели Диплома на благодарност на професорката Анастасија Ѓурчинова за нејзината работа во текот на 8 години на нејзиното претседателство. Потоа беше избран новиот комитет за следните 4 години.
Новиот претседател, професорот Ладислав Цветковски заедно со новиот потпретседател, професорката Руска Ивановска Наскова, ја претстави програмата на Институтот за 2017 година.
Членови на новиот Комитет ќе бидат:
Проф. Ладислав Цветковски (претседател)
Проф. Руска Ивановска Наскова (потпредседател)
Проф. Анета Симовска (секретар)
Проф. Лучана Гвидо Шремпф (член)
Проф. Анастасија Ѓурчинова (член)