На предлог на Н.Е. Карло Ромео, Амбасадор на Италија во Скопје, Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја додели почесната титула Ред на Ѕвездата на Италија со степен Офицер на професорката Анастасија Ѓурчинова. Ова престижно признание е потврда за нејзината љубов кон италијанскиот јазик и литература, што се покажува низ бројните преводи, академски и културни активности во тесна соработка со Италијанската амбасада и Институтот Данте Алигиери од Скопје. Во оваа […]
Архива
Италијанска поезија на Струшкиот поетски фестивал На 58-то издание на Меѓународниот фестивал “Струшки вечери на поезијата“ што се одржа од 21 до 26 август на Охридското езеро, италијанската поезија беше претставена преку две авторки: Миа Леконт и Ана Сантоликвидо. Двете поетеси учествуваа во делот на разни читања, предизвикувајќи голем интерес и почитување. Ги објавуваме нивните стихови преведени на македонски од професорката Анастасија Ѓурчинова. МИА ЛЕКОНТ МИЛОСТ Милост за нас, милост, […]
На овогодинешниот Саем на книгата беше промовиран преводот на книгата „Преполовениот виконт“ од Итало Калвино. Извонредниот превод е на проф. Анастасија Ѓурчинова, за книгата и преводот зборуваше проф.Љиљана Узуновиќ. Со ова издание, од италијански на македонски јазик вкупно се преведени десет книги од овој исклучително значаен италијански автор.