Институт Данте Алигиери, Скопје

На предлог на Н.Е. Карло Ромео, Амбасадор на Италија во Скопје, Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја додели почесната титула Ред на Ѕвездата на Италија со степен Офицер на професорката Анастасија Ѓурчинова.
Ова престижно признание е потврда за нејзината љубов кон италијанскиот јазик и литература, што се покажува низ бројните преводи, академски и културни активности во тесна соработка со Италијанската амбасада и Институтот Данте Алигиери од Скопје.
Во оваа прилика, прославувајќи 60 години од италијанските студии при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, вакво признание им беше доделено и на професорките Радица Никодиновска, Александра Саржовска и Љиљана Узуновиќ.Foto Anastasija