Институт Данте Алигиери, Скопје

Новости


Доделување на награди од уметничкиот конкурс за Плакат “Dante 700”.   За време на свеченоста во резиденцијата на амбасадорот на Италија (директно пренесувана на Фејсбук), беа доделени наградите на уметничкиот конкурс „Данте 700“, организиран од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, за изработка на плакат за XXI издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, оваа година посветена на Данте Алигиери. – Конкурсот имаше огромен успех – додаде амб. Андреа Силвестри […]

„Детето и креативноста“ онлајн обука на м-р Ана Цветкоска-Панова за наставниците на Институтот Данте Алигиери во Скопје На 21 05 2021 се одржа онлајн обука за наставниците на Институтот Данте Алигиери во Скопје. Обуката со наслов „Детето и креативноста“ беше организрина со цел запознавање со вештините на ликовното образование и педагошкиот пристап со примена на овие знаења. Обучувач беше м-р Ана Цветкоска-Панова, ликовен педагог – советник. Цел на обуката беше […]

Презентации и гласање за книжевната награда Стрега 2021 Прекрасно беше читањето на романите, забавно но не секогаш лесно во овој краток период. За тоа колку уживавме во претставувањето на книгите, конверзацијата, различните ставови и гласањето се гледа од сликите. Пред сè сакаме да и се заблагодариме на професорката Љиљана Узуновиќ која се погрижи за целата организација а секако и на сите учесници кои со огромен ентузијазам ги презентираа книгите.

Есенски семестар, онлајн курсеви по италијански јазик! УПИСИ од 18.08.21 до 09.09.21 Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Италијанската Амбасада ги отвори уписите за есенскиот семестар во 2021: IL MONDO IN ITALIANO (Светот на италијански јазик) Impara la dolce lingua: Научи го италијанскиот јазик на нашите курсеви: – стандардни курсеви за степените од А1 до Ц2, 2 пати неделно по 90 мин.: 6.900 ден. или на 3 рати […]

По покана од Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 23 април, проф. Ладислав Цветковски претседателот на Институтот Данте Алигиери од Скопје пред 80 присутни студенти го претстави проектот и одржа предавање на тема „Плакат, медиум за лично изразување“. Настанот се одржа во рамките на конкурсот за изработка на постер со ликот на Данте (по повод 700-годишнината од неговата смрт) во организација на Италијанската […]

На 15 април, во рамките на конкурсот на Институтот Данте Алигиери за изработка на постер со ликот на Данте (по повод 700-годишнината од неговата смрт), проф. Анастасија Ѓурчинова од Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ одржа предавање посветено на животот и делото на Данте Алигиери, во кое беа опфатени следните теми: Значењето на Данте: “Padre Dante“ – татко на италијанскиот јазик и литература, кој се јавува како сублимација на идеите на средниот […]

https://www.facebook.com/PalazzoFirenze/ https://www.facebook.com/PalazzoFirenze/videos/190592436056910

Претседателот на Република Италија Серџо Матарела и министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо, ќе бидат пречекани од претседателот на Друштвото Данте Алигиери, Андреа Рикарди, за да присуствуваат на инаугурацијата на платформата Данте.глобал што ќе се одржи во седиштето на Палатата Фиренце во Рим во среда, 14 април во 11:00 часот и може да се следи во живо на www.dante.global.