Институт Данте Алигиери, Скопје

Редуциран распоред, малку наставници, доволно простор: но во септември училиштето треба да започне одново за сите

 

Џана Фрегонара (Il Punto | la newsletter del Corriere della Sera)

Училиштето заврши, најчудната учебна година од повоениот период е завршена. Мора да направиме анализа какво навистина беше учењето од далечина, да разбереме што не функционираше и каква поука можеме да извлечеме од тоа. Но, сега кога веќе нема илјадници заболени, има друг предизвик: во септември учениците би требало да можат да се вратат во училница. Сите. Три месеци не се доволни за реформа на училиштето, доволни се за да се најде решение што ќе ја направи следната учебна година вистинска. Едно тромесечие може да се надомести, но уште една цела учебна година не. Ако и понатаму важи правилото на претпазливост и држење растојание, носење маска или визир, потребен е простор, наставници, нови распореди. Секако финансиски средства, но пред сè идеи.

Ако вирусот не се смири според очекувањата, во септември училиштето не може да биде исто како порано, но сепак не би требало да биде и полошо. Инаку штетата би била непроценлива. Сите ќе одат на училиште, но пократко време: скратувањето на распоредот е решение за кое сите се согласуваат. Со тоа се решава добар дел од проблемите со просторот и транспортот, се избегнува премногу да се измени училишната рутина на учениците и наставниците. Но веќе е предизвик да се направи сè правилно а за помалку време. Експертите и политичките сили, вклучително и опозицијата и синдикатите, имаат право укажувајќи ѝ на владата да ангажира повеќе наставници: ќе бидат потребни. Меѓу другото, министрите за образование и економија, исто така, започнаа да прават пресметки за зголемување на персоналот во градинките и основните училишта. Но треба и да се инвестира повеќе. Не станува збор само за бројки: веќе има список на предмети како математика кои се испразнети во неколку провинции. Уште минатата година, половина од постојаните работни места не беа отворени бидејќи немаше вработени професори. Ситуацијата не е променета, училиште пак има над двесте илјади следбеници. Ризикот дека по враќањето, многу класови ќе немаат наставници е реален.

Потребен е и простор за да се одржи безбедно растојание. Нереално е да се мисли дека за три месеци ќе се изградат училишта, но ништо не е забрането, бидејќи се мониторираат многу училници низ цела Италија, со цел да се отворат градилишта и да се направат нови училишта макар и за една година: можеби нема да се искористат во оваа вонредна состојба но треба да се мисли и на времето потоа.