Аташето за одбрана во Италијанската амбасада во Скопје, Полковник Стефано Анџони ги додели дипломите на групата вработени во Министерството за одбрана: Илир Бајрами, Емилија Ѓуриќ, Драган Кузмановски, Ирина Блажевска, Александра Трајковска и Елвин Ејуб, коишто го следеа курсот по италијански јазик финансиран одMинистерството за одбрана на Италија. Со овој курс продолжува успешната соработка на Институтот Данте Алигиери со Италијанската амбасада и Министерството за одбрана на Р.Северна Македонија.
Во градинката 13 Ноември во Скопје успешно заврши почетниот курс по италијански јазик кој за првпат во нашата држава се организира за деца од предучилишна возраст, во рамките на проектот „Нови контексти за италијанскиот јазик во Р.С. Македонија“. Курсот се реализира од страна на Институтот Данте Алигиери – Скопје, а проектот е поддржан и финансиран од Здружението Данте Алигиери од Рим. […]