Институт Данте Алигиери, Скопје


Во организација на Директоратот Дипломатска академија, на 5 февруари, во просториите на Министерството за надворешни работи, амбасадорот на Република Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белили на слушателите на наставата по италијански јазик им ги врачи сертификатите за положениот испит и учебниците за курсот, што се донација на Амбасадата на Италија во Република Македонија. Министерот Попоски претходно оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Ернесто Масимино Белили, при што изрази задоволство […]

Црвената пустина на истакнатиот италијански режисер Микеланџело Антониони,е филм кој се гледа повеќепати со задоволство бидејќи ја отсликува новата човечка и општествена реалност создадена од индустриската цивилизација, која предизвикува промени на пејзажите, но и на луѓето. Гледачот станува свесен за индустрализацијата во првите кадри каде фотографијата носи длабоко и симболично значење. Преовладува сивата боја, со сите нејзини неизразливи нијанси, како призрак на болести и смрт и истовремено управува со животите […]

Џорџо де Кирико e сликар чија уметност нè поттикна да го истражиме неговиот животен пат, притоа, откривајќи сосема нови видици и можни значења. Станува збор за сликар кој навистина заслужува да биде подробно анализиран и безрезервно ценет. Неговите дела насликани пред основањато на метафизиката, биле дефинирани како енигматски. Предметите од сликите биле често инспирирани од дневните светла на медитеранските градови а, со текот на времето, своето внимание почнува да го […]