Јасно е дека вулканската енергија на Маринети, а не помалку и неговата финансиска моќ, го создадоа ова движење. Маринети објавувал на сопствен трошок, без проблем патува секаде каде што било потребно, (дури и до Русија), изнајмувал со свои средства галерии за да организира футуристички изложби или пак цели театри за футуристичките претстави. Денес веројатно би бил сметан за одличен менаџер во културата. Во Париз го нарекувале “кофеин за европската култура”, […]
Влада Урошевиќ Футуризмот, едно од најбучните уметнички движења од почетокот на дваесеттиот век, во основа е своевиден облик на враќање кон идејата на европскиот рационализам за непроменливо позитивната енергија на континуиран прогрес. Во нови историски рамки, тој ќе се јави како резултат на засиленото присуство на елементите на техничката цивилизација во секојдневниот живот, како и на желбата на тоа присуство да му се дадат духовни и естетски вредности. Започнува во […]