500 години од Бесниот Орландо Парабола за човечкото битие меѓу класиката и модерните времиња Интервју со проф. Алберто Казадеи На 22 април 2016 се одбележува 500 годишнината од објавувањето на првото издание на Бесниот Орландо. Оваа фасцинантна поема придонесе за фундаментален развој на јазикот, уметноста и културата на Италија. ‘Летајќи’ меѓу крилјата на иронијата, Бесниот Орландо даде свој придонес во изградбата на фантастичен имагинариум во идните векови, мешајќи го […]
Мармитоне и Интернетот Весниците можат да ги поправат грешките коишто се распространети на Интернетот. А мрежата има способност да го контролира печатот. Оваа вежба треба да се предава на училиште. Во минатата колумна, пуштив апел до весниците. Бидејќи општо e познато дека на Интернет постојат сериозни и веродостојни страни, но и други кои пренесуваат лажни вести, дури и гнасни измислици, како што се неонацистичките и негационистичките страни, зошто тогаш весниците, […]
ДАНТЕ И ЕВРОПА Универзалноста на Дантеовата мисла Многу сум среќен што сум вечерва овде во Скопје, за да ја прославам со вас Неделата на италијанскиот јазик, промовирана од Италијанската амбасада, во соработка со Комитетот Данте Алигиери и други важни институции меѓу кои Инфо центарот на Делегацијата на Европската Унија, во чиешто седиште сме гости. На сите вам ви го пренесувам поздравот од нашиот претседател на Друштвото Данте Алигиери, проф. Андреа […]
ИНСТИТУТ ДАНТЕ АЛИГИЕРИ КОМИТЕТ СКОПЈЕ ДЕН НА ДАНТЕ 21.04.2016 ПРОГРАМА Италијанско-македонски мултимедијален центар 11.20 поздравни говори 11.30 час за Данте преку видео конференција Проф. Филипо Д’Алесио: Етичко-религиозниот универзум на Данте 12.00 креативна работилница (создавање и превод на дантеовските терцини) 12.20 квиз за Данте (натпревар меѓу две групи студенти) 12.50 доделување на наградите на победничката група во квизот 13.00 затворање *** Јазичен центар на Институтот Данте Алигиери Скопје 20.00 коктел – […]
НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ ЗА ПРЕВОД 2015 на Анастасија Ѓурчинова една од највисоките награди Текст преземен од рубриката Во прeден план, од Весникот на Институтот Данте Алигиери, 25 март 2016 На 18 март, во Монументалниот салон Ванвители во Библиотеката „Анџелика“ во Рим, се одржа церемонија за доделување на “Националните награди за превод“ за 2015 година. На доделувањето на признанијата наменети за италијанските и странските преведувачи и издавачи што придонеле во ширење на […]
Омаж на Умберто Еко од Анастасија Ѓурчинова објавено во Утрински весник, 26.02.2016 Умберто Еко беше неуморен аналитичар на актуелната стварност Еден од највлијателните интелектуалци на денешнината, писател и професор по семиотика, кој почина на 19 февруари, беше и толкувач на мистични универзуми, но и поклоник на убавината, мудроста и рационалноста Деновиве од светот си замина Умберто Еко, еден од највлијателните интелектуалци на денешнината, писател и професор по семиотика, но над […]