Сместен на самиот југ на Медитеранот веднаш до северното афричко копно, овој италијански остров плени со својата уникатност. Магијата на Сицилија ве освојува уште при самото стапнување на нејзиното тло. Френетичниот дух на народот, локалниот италијански јазик, уличниот хаос можеби на самиот почеток ќе ве обесхрабрат но тука е неодоливиот шарм кој единствено го поседува кралицата на Медитеранот и кој дефинитивно ги побива сите коментари. Кога на ова ќе се […]
Секојдневно си играме со минатото. Во различно време, навечер, чекајќи го сонот да нè собере, наутро чекајќи истиот да изветрее, или во текот на денот обидувајќи се да заборавиме на еднобразието. Сакаме да мислиме дека работите кои нè одминале сè уште не се избајатени и покрај свесноста дека детски се самозалажуваме, сè повеќе продолжуваме да ги оживуваме. Во тие светови, постојано обновливи, каде се однесуваме како себични собирачи на спомени, […]
Во недостиг на сонце и море во овие студени зимски месеци ве носиме за момент на место кое зрачи со својата топлина, уникатност и неповторливост. Секоја копија би била бледа на ваков оригинал на природата. Местото, за кое дури и самите Италијанци мечтаат, едноставно освојува на прв поглед. Се работи за петте мали селца познати под името Cinque terre сместени на самиот брег на Лигурското море. Можност да запознаете една […]