Институт Данте Алигиери, Скопје

Додаток 2


Бевме будни цела ноќ – јас и моите пријатели под ламбите од џамијата со куполи од перфориран месинг, ѕвездени како нашите души, бидејќи и тие, како и ламбите, се осветлени од затворената секавица на електричното срце. Врз теписите набиени со ориентални мотиви, долго ја газевме нашата атавистичка душевна млакост, разговарајќи на самите крајни граници на логиката, исцрнувајќи многу листови со френетичен ракопис. Неизмерна гордост растеше во нашите гради, бидејќи чувствувавме […]

Колку манифести во сто години футуризам? “Футуризмот не можеше да се роди никаде на друго место, освен во Италија”, изјави во една пригода еден од најталентираните учесници во движењето, поетот Алдо Палацески. Се разбира, Палацески своето тврдење го засновува на фактот дека Италија како земја отсекогаш била премногу свртена кон минатото, имајќи ја зад себе славната римска традиција и огромната концентрација на историски и уметнички артефакти од разни епохи на […]

Анастасија Ѓурчинова На 20 февруари 2009 година се навршија точно 100 години од раѓањето на футуризмот, едно од најреволуционерните движења на 20 век, кое го означи почетокот на авангардите во Европа. Стогодишнината се одбележа пред сe во татковината на футуризмот, Италија, но и во други земји, преку низа културни настани и манифестации: научни собири, симпозиуми, книжевни вечери, перформанси, пригодни публикации, изложби и сл. Меѓу нив, да ги споменеме само грандиозната […]