Институт Данте Алигиери, Скопје


На 22.10.2021 во рамките на 21. Недела на италијанскиот јазик во светот од страна на Италијанскиот амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри Орден за заслуги, „Звезда на Италија“, му беше доделена и на Ладислав Цветковски, професор на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и претседател на Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје, за неговите истакнати заслуги во промовирањето на културата и другата италијанска извонредност.

Доделување на награди од уметничкиот конкурс за Плакат “Dante 700”.   За време на свеченоста во резиденцијата на амбасадорот на Италија (директно пренесувана на Фејсбук), беа доделени наградите на уметничкиот конкурс „Данте 700“, организиран од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, за изработка на плакат за XXI издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, оваа година посветена на Данте Алигиери. – Конкурсот имаше огромен успех – додаде амб. Андреа Силвестри […]