Од понеделник 14-ти до петок 18-ти октомври ќе се одржи тринаесеттото издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, меѓународниот културен настан, чија цел е да го промовира италијанскиот јазик во неговите разновидни аспекти. Оваа година нашиот Комитет ќе учествува со два настани во генералната програма која оваа година е насловена Истражување, откритие, иновација: Италија на знаењата и е организирана од Италијанската амбасада во Скопје и од Министерството за надворешни […]
Новости
Институтот Данте Алигиери од Скопје веќе три години со голем ентузијазам и труд пристапува кон реализирањето на својата зададена мисија: да организира натпревар по италијански јазик на ниво на ученици од средните училишта во Република Македонија. Според организациските правила утврдени за организацијата на претходните натпревари, Комисијата при Институтот уште еднаш ги потврди условите за учество: – натпревар наменет за двајца ученици-претставници од едно училиште, чиишто познавања на италијанскиот јазик одговараат […]
Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија и Лабораторијата ITALS при Универзитетот Ka’ Фоскари од Венеција на 25 и 26 јуни во италијанско-македонскиот Мултимедијален центар при Филолошкиот Факултет Блаже Консеки во Скопје, го организира завршниот семинар за обука на наставници по италијански јазик. Предавач на обуката е проф. д-р Матео Сантиполо, доцент по дидактика на модерни јазици.
Институтот „Данте Алигиери“ – Скопје го нуди меѓународно признаениот сертификат за познавање на италијанскиот јазик PLIDA (Progetto Lingua Italiana Dante Alighieri) Испитот за сертификатот ПЛИДА ќе се изведе на 29 април 2013 (нивоата Б2 и Ц1) 27 мај 2013 (нивоата А1, А2, Б1 и Ц2) Пријавување: до 19 април (за априлската сесија) и до 17 мај (за мајската). Информации: – секој работен ден од 11.00 до 13.00 часот, во седиштето […]
Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија и Лабораторијата ITALS при Универзитетот Ka’ Фоскари од Венеција организира семинар за обука на наставници по италијански јазик. Обучувач е проф. д-р Матео Сантиполо, доцент по дидактика на модерни јазици. Првата фаза од семинарот ќе се одржи на 26 и 27 април во италијанско-македонскиот Мултимедијален центар при Филолошкиот Факултет Блаже Консеки во Скопје.

