Институт Данте Алигиери, Скопје

Новости


Првиот кино форум за оваа сезона помина одлично! Омаж на еден од најдобрите филмови на италијанската кинематографија” Nuovo Cinema Paradiso” на големиот режисер Џузепе Торнаторе. На дискусијата што следеше по филмот имавме можност да ги слушнеме ставовите и мислењата на дел од нашите курсисти, поранешни студенти од катедрата за италијански јазик, љубители на филмот и, на наше големо задоволство, за прв пат во нашиот институт го пречекавме првиот секретар Алесио […]

Италијански јазик во основните училишта во Скопје Оваа учебна 2016/17 год. започна да се реализира проектот на Институтот Данте Алигиери, во соработка и со поддршка на Италијанската амбасада, за факултативно изучување на италијанскиот јазик во IV и V одделение во основните училишта во Скопје. Иницијативата на Иститутот беше одобрена од соодветните комисии за образование на скопските општини Центар и Карпош, по што проектот беше понуден и прифатен од четири основни […]

Италијански јазик во Министерството за одбрана на Р.М. Во тек е проектот за настава по италијански јазик за вработените во Министерството за одбрана на Република Македонија, финансиски поддржан од Италијанското министерство за одбрана преку Италијанската амбасада во Скопје. Девет вработени од македонското министерство за одбрана, два пати неделно во просториите на министерството го учат италијанскиот јазик преку почетен курс, а според програмата на Институтот Данте Алигиери. Наскоро се планира продолжување […]

Институтот Данте Алигиери- Скопје ве поканува на проекција на еден од најголемите класици на италијанската кинематографија- филмот “Nuovo Cinema Paradiso” во режија на Џузепе Торнаторе, проследена од кратка дискусија. Кино клубот има за цел ширење на италијанската култура преку филмот како основна алатка, и е наменет за сите италијанисти и вљубеници во италијанскиот јазик и култура.

          Институтот Данте Алигиери и Италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Универзитетот од Палермо, на 2 и 3 декември 2016 год. во Мултимедијалниот итало-македонски центар на Факултетот Бчаже Конески – Скопје, организираше Обука за дидактика на италијанскиот јазик како странски, на тема: “Креативното пишување и функционалното пишување: модели на предавање“ со обучувачот, професорката Егле Мочаро. Поздравните говори беа на Италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео […]

31.10 – 05.11.2016 год. Култура, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог, Литература.мк, Матица Отворање на изложба на студентски постери и предавање на илустраторот и графички дизајнер Серџо Оливоти 3.11.2016, четврток, 12 ч. Мултимедијален центар, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје Неделата на италијанската книга е организирана од Институтот Данте Алигиери во соработка со неколку институции и книжарници во Скопје. Од 31.10 – 05.11.2016 год. книжарниците Култура, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог, […]

Данте од Скопје домаќин на Рафаела Ромањоло најгласаната писателка од комитетите Данте за наградата Стрега 2016 Комитетот на Данте од Скопје, имаше чест по втор пат да биде избран како дел од комисијата во рамките на проектот “Данте за Наградата Стрега“. Со таа цел, ја искористи приликата да може да биде домаќин на писателката Рафаела Ромањоло – финалист на Наградата Стрега 2016. Писателката Ромањоло, меѓу 12-те финалисти на Наградата 2016, […]

Литературна средба со Рафаела Ромањоло, најгласаната писателка од комитетите Данте Алигиери за наградата Стрега 2016 и претставување на нејзиниот роман “Погрешна ќерка“.

Најпродавани книги оваа седмица 1 Кјара Гамберале, Нешто, Лонганези     2 Aлесандро  Д’Авениа, Уметноста да се биде слаб, Мондадори 3 Андреа Камилери, Потегот на коњот, Селерио 4 Алесандро Робеки, Погрешно гнило, Селерио 5 Карло Лукарели, Италијанска интрига, Еинауди 6 Лука Бјанкини, Никој како нас, Мондадори 7 Лоренцо Мароне, Барем утре да останам, Фелтринели 8 Роберто Савиано, Бротчето на децата, Фелтринели 9 Матео Струкул, Медичи – една кралица на власт, Њутон Комптон 10 Матео Струкул, Медичи – една династија на власт, Њутон Комптон

XVI НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ Италијанскиот јазик и креативноста: брендови и традиции, мода и дизајн ПРОГРАМА С к о п ј е Понеделник, 17 октомври 12:00 часот, ЕУ Инфо Центар при Седиштето на Делегацијата на ЕУ Свечено отворање на XVI Недела на Италијанскиот јазик во светот Поздравно обраќање: Проф.Александра Саржоска, Шеф на Катедра за Италијански Јазик и Литература (УКиМ) Н.Е. Г-дин Карло Ромео, Амбасадор на Италија Н.Е. Елизабета […]