Потпишување на меморандум за соработка за бесплатни курсеви по италијански јазик во основните училишта „Мурат Лабуништи“ и „Јосип Броз – Тито“, во Струга, во организација на Институтот Данте Алигиери од Скопје, поддржано од Министерството за надворешни работи на Италија и од меѓународната соработка. Продолжуваме со промоцијата на италијанскиот јазик во Република Македонија.
Новости
УПИСИ – Курсеви за италијански јазик Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Италијанската Амбасада отвора уписи за есенскиот семестар во 2017: IL MONDO IN ITALIANO (Светот на италијански јазик) Impara La dolce lingua: Научи го италијанскиот јазик на некој од нашите курсеви: НОВО: Италијански за јуниори (11-15 год.) на 4 рати x 1750 ден. – стандардни – (А1-Ц2) на 4 рати x 1750 ден. – интензивни – (А1-Ц2) на […]
Романот-добитник на наградата Стрега 2017: Осумте планините на Паоло Коњети – најгласаниот автор и од страна на читателите на жири комисијата на Данте! Честитки од комитетот од Скопје !!! Гласот на Друштвото Данте Алигиери за наградата Стрега 2017 оди кај Паоло Коњети, автор на романот Осум планини (Еинауди).Честитки!
Во основните училишта “Кочо Рацин” и “Јохан Хајнрих Песталоци” во општина Центар, и “Христијан Тодоровски Карпош“ и “Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, на учениците од IV и V одделение им беа доделени дипломите за успешно завршениот курс по италијански јазик од 50 часа. Заедничкиот проект “Италијанскиот јазик во основните училишта“ на Институтот Данте Алигиери со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје, односно Министерството за надворешни работи на Италија, се […]
Во Интернационалното училиште Нова во Скопје, им беа доделени дипломи на учениците кои изминатата учебна година имаа предавања по италијански јазик и литература. Овој проект на Институтот Данте Алигиери и училиштето Нова се реализира со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје и Министерството за надворешни работи на Италија. На церемонијата се обратија италијанскиот амбасадор во Македонија Н.Е Карло Ромео, претседателот на Институтот Ладислав Цветковски, професорката Анастасија Ѓурчинова и професорките во […]
Институтот за италијански јазик и култура „Данте Алигиери“ во Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираа отворен ден во канцеларијата на Секретаријатот за европски прашања а свое учество имаа и Амбасадата на Република Италија во Македонија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Италијанскиот амбасадор во Македонија Н.Е. Карло Ромео информира дека денеска во целиот свет се прославува раѓањето на големиот поет Данте Алигиери. Истакна дека […]

