Институт Данте Алигиери, Скопје

Новости


Донација на книги од страна на Италијанската амбасада за италијанското катче во библиотеката во училиштето Нова. Во соработка со Институтот Данте Алигиери веќе неколку години се организираат курсеви по италијански јазик во ова меѓународно училиште. Соработката меѓу трите институции продолжува.

На 57 седница на Владата на Република Македонија беше усвоена и Информацијата за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик. http://vlada.mk/node/14212

Нова група деца кои учат италијански јазик!!! Почеток на курсевите по италијански јазик во Интернационалното училиште НОВА во Скопје, финансирани од Министерството за надворешни работи и Меѓународна соработка кои се одвиваат во соработка со Институтот Данте Алигиери. Донацијата на книги ја обезбеди Италијанската Амбасада.

Курсеви за италијански јазик Светот обоен на италијански начин навистина изгледа поинаку! Нови уписи за курсеви во Институтот за италијански јазик Данте Алигиери!!! The World Stained in Italian way really looks different! New courses at the Italian Language Institute Dante Alighieri!!! Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Италијанската Амбасада отвора уписи за пролетниот семестар во 2018: IL MONDO IN ITALIANO (Светот на италијански јазик) Impara La dolce lingua: […]

Неделата на италијанската кујна во светот, одбележана и во Основното училиште Ј.Х.Песталоци во Скопје, со учениците кои следат настава по италијански јазик. Им благодариме на сите дечиња кои ги подготвија италијанските специјалитети, добар апетит!

Италијанскиот амбасадор, Н.Е Карло Ромео го посети часот по италијанска кујна во основното училиште Кочо Рацин во Скопје.Во оваа прилика се обнови Меморандумот за соработка меѓу Институтот Данте Алигиери и училиштето Кочо Рацин каде што продолжува наставата по италијански јазик.

Признанија за заслуги од Институтот Данте Алигиери Рим за професорките Анастасија Ѓурчинова и Ксенија Јелен.

ИСПИТ ПЛИДА Отворени се уписите за испитите во пролетната сесија! УПИСИ: 26.03-05.04.2018 ИСПИТИ: 11 АПРИЛ Б2, Ц1 23 МАЈ А1, А2, Б1, Ц2 Сертификат за познавање на италијанскиот јазик ПЛИДА, признаен од Советот на Европа Институтот “Данте Алигиери” од Скопје e единствен акредитиран центар во РМ за спроведување на испитите за сертификатот ПЛИДА, признаен за студирање и работа во Италија Што е PLIDA? PLIDA сертификатот ги потврдува јазичните компетенци – […]