Институт Данте Алигиери, Скопје

natprevar po italijanskiИнститутот Данте Алигиери од Скопје веќе три години со голем ентузијазам и труд  пристапува кон реализирањето на својата зададена мисија: да организира натпревар по италијански јазик на ниво на ученици од средните училишта во Република Македонија.

          Според организациските правила утврдени за организацијата на претходните натпревари, Комисијата при Институтот уште еднаш ги потврди условите за учество:

– натпревар наменет за двајца ученици-претставници од едно училиште, чиишто познавања на италијанскиот јазик одговараат на А1/А2 ниво според Европската референцијална рамка за познавање на јазиците (двегодишно изучување на италијанскиот јазик во средното гимназиско образование);

– натпревар во јазичните познавања усвоени според програмата на учебникот Progetto italiano 1;

– натпревар во познавање на италијанската граматика (граматички тест) и во пишување есеј  на дадена тема (оваа година учесниците пишуваа на тема за италијанското кафе);

– датум на одржување: 26 април 2013 год.

       Откако Комисијата за натпреварот, во состав: претседател,проф.д-р А. Ѓурчинова, членови, доц.д-р Р.Н.Иванова, м-р И.Талевска и м-р.Д.Казанџиовска, ги потврди правилата за учество, испрати покана за учество до сите средни училишта во РМ во кои се изучува италијанскиот јазик. Низ непосредни контакти со тамошните наставници, поканата ја прифатија 12 училишта:

  • СОУ Гоце Делчев, Куманово

  • ОСУ Св.Климент Охридски, Охрид

  • СОУ Мирче Ацев, Прилеп

  • СУГС Георги Димитров, Скопје

  • СУГС Орце Николов, Скопје

  • НОВА Меѓународни училишта, Скопје

  • СУГС Јосип Броз Тито, Скопје

  • СУГС Панче Арсовски, Скопје

  • СОУ Д-р Ибрахим Темо,Струга

  • СОУ Јане Сандански, Струмица

  • СОУ АТА, Центар Жупа

  • СГГУ Здравко Цветковски,Скопје

Натпреварот се одржа на 26 април 2013 год. во Италијанско-македонскиот мултимедијален Центар при Филолошкиот Факултет “Блаже Конески“. Претходно утврдентиот награден фонд се состоеше во бесплатно членство и сертификат за учество за сите учесници додека пак беа издвоени награди за тројцата најдобри учесници: за освојувачот на првото место беше наменета стипендија за двонеделен курс по италијански јазик во Римскиот комитет на “Данте Алигиери“, додека пак за второто место беше наменет еднојазичен речник на италијанскиот јазик (Девото-Оли) а за третото место беше наменет ПЛИДА комплет (вежбанки за А1/А2 ниво, учебник Passaporto per l’Italia и граматика на италијанскиот јазик за странци.