Институт Данте Алигиери, Скопје

Вчера во СУГС „Никола Карев“ во Скопје се одржа доделување на дипломи за курсот по италијански јазик наменет за наставниците од оваа гимназија и реализиран благодарение на проектот „Нови контексти во наставата по италијански јазик во Република Северна Македонија“ на Институт – Данте Алигиери од Скопје, со поддршка на Комитетот Данте Алигиери од Рим.

По воведувањето во 2021 година на првиот интензивен курс по италијански јазик во споменатото средно училиште, реализацијата на овој проект претставува уште еден важен исчекор кон постигнување на целта за создавање на првата италијанска билингвална паралелка во земјата.

Настанот се одржа во присуство на директорот на „Никола Карев“, проф. Андреј Манолев, на претседателот на Институтот Данте Алигиери од Скопје, проф. Ладислав Цветковски, потпретседателот на Институтот проф. Руска Ивановска Наскова, професорката по италијански јазик проф. Елена Величковска Николовска и лекторката од Амбасадата на Италија во Скопје, проф. Соња Мизерендино.