Институт Данте Алигиери, Скопје

И оваа година Институтот Данте Алигиери, во соработка со Амбасадата на Р. Италија и ITA- Italian Trade Agency Скопје, учествуваше во настанот посветен на Неделата на италијанската кујна во светот. Учениците од девет основни училишта, каде се изучува италијанкиот јазик во рамките на проектот ,,Изучување италијански јазик во Македонија”, овозможен од Министерството за Надворешни работи на Република Италија и реализиран од нашиот Институт, беа мотивирани да цртаат на тема „Вкусовите на Италија“. Најдобрите беа наградени на главниот настан кој се одржа на 12 и 13 ноември на плоштадот Македонија во Скопје:Прво место: Јана Наумова, ОУ „Димо Хаџи Димов” – Скопје
Второ место: Лина Трајковска, ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово
Трето место: Максим Јаневски, ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово

 

 

 

 

Упатуваме честитки до победниците и благодарност до: координаторот на ликовниот конкурс, Владимир Андоновски, кој беше и член на жири-комисијата заедно со Теодора Јосифовска, како и до наставничките кои ја реализираат наставата во деветте основни училишта: Александра Цветановска Тренески, Емилија Лазарески, Тања Бошкова, Елена Миленковска, Александра Јовановска и Марија Муратовска.