Институт Данте Алигиери, Скопје

Kонкурс за дизајн на плакат инспириран од ликовите од италијанскиот стрип за Денот на италијанскиот стрип

Конкурсот беше организиран од страна на Амбасадата на Италија во соработка со Институтот Данте Алигери од Скопје и Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија.

Конкурсот беше отворен на 26.05.2022 година, со информација која беше споделена преку веб страните како и социјалните мрежи на Амбасадата на Италија, Џифони Македонија и Институтот Данте Алигери од Скопје. Иницијативата имаше за цел да го поттикне интересот на младите за италијанскиот стрип и да го обнови интересот за него во Северна Македонија и во другите земји од поранешна Југославија. По повод отворањето на конкурсот беше одржан онлај настан (26.05.2022) на кој заинтересираните бае запознаени со правилата за конкурирање, но и со италијанскиот стрип преку предавањето на Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадорот на Р. Италија во Македонија. Конкурсот заврши на 18.09.2022 година.
Пристигнатите дела на 20.09.2022 година беа вреднувани од страна жири комисијата во состав:
 Н.Е. Андреа Силвестри, Амбасадор на Р. Италија во С. Македонија
 Нгадним Мехмети, графички дизајнер
 Небојша Гелевски, графички дизајнер
 Давор Драмиќанин, стрип уметник


Беа доделени три награди и шест сертификати за заслуги:

1 место – Дамјан Шокев
2 место – Иван Коминовски
3 место – Трена Џепароска

Сертификати за заслуги:
Прва категорија – Тамара Николовска, Неда Коцевска
Втора категорија – Лазар Аврамовски, Ивона Младеновска
Трета категорија – Славица Купенкова, Тиа Василеска

Останати учесници добија електронски сертификати за учество.

На 06.10.2022 година на манифестацијата „Ден на италијанскиот стрип“ кој се одржи во рамките на 10. Издание на Филмскиот фестивал Џифони Македонија 2022, беа промовирани првонаградените и добитниците на сертификатот за заслуги тие од страна на Амбасадорот на Р. Италија, Н.Е. Андреа Силвестри добија дипломи и оригинални стрип изданија кои ги додели. Првонаградените имаа можност за непосредна средба со стрип уметниците Алесандро Билота и Серџо Џераси.


Конкурсот беше наменет за сите млади дизајнери и студенти по дизајн, поделени во 3 категории:
1 категорија – Ученици од средните училишта во Северна Македонија
2 категорија – Студенти на државните и приватните факултети на Северна Македонија
3 категорија – Млади уметници: графички дизајнери, илустратори, стрип цртачи од Северна Македонија (возрасна граница до 30 години)