Институт Данте Алигиери, Скопје

ПОСЕТА НА ИТАЛИЈАНСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО ТИРАНА
На 21.09.2022 година, проф. Ладислав Цветковски, претседател на Институтот Данте Алигиери во Скопје, го посети Италијанското училиште во Тирана, промовирано и поддржано од Друштвото Данте Алигиери од Рим и признаено од албанското Министерство за образование.


Во Италијанското училиште во Тирана проф. Цветковски беше пречекан од ко-основачката и директорка на училиштето Кончета Марота. По посетата на училниците, лабораториите и средбата со учениците, Цветковски и Марота остварија средба на која разменија информации за активностите и историјата на институциите што ги претставуваат. На оваа средба разговарараше за можноста за реализација на заеднички проекти, за соработка на различни нивоа и за создавање мрежи меѓу различни институции.
Италијанското училиште во Тирана е отворено за ученици од сите националности и го вклучува основниот училиште, од I до V клас, и предучилишна секција, посебна паралелка за деца од 5-6 години, осмислена да ги придружува и поддржува учениците во текот на деликатниот премин од градинка во основно училиште. Од септември 2022 година активно е и прво одделение од нижо-средношколскиот циклус.