Институт Данте Алигиери, Скопје

Во рамките на повикот, денес 26.05.2022 Н.Е.Андреа Силвестри, Амбасадор на Република Италија во Република Северна Македонија одржа предавање со наслов Ликови од италијанските стрипови, организирано со цел да се споделат информации за инспирација на учесниците на повикот. Амбасадорот Силвестри, покрај кариерата како дипломат, е и автор на книгата “Стрипот и моќта – хероите како геополитичка алатка “.